СИНГАПУР
Космополитски град – фузија помеѓу иднината и традицијта
Модерен, уреден и фасцинантен град-држава каде источната духовност и западната динамика совршено се преплетуваат.
Неговата импресивна силуета со Marina Bay Sands и Gardens by the Bay ја одразува визијата на иднината, додека шарените
квартови како Chinatown, Little India и Arab Street ја откриваат душата на Азија. Сингапур нуди неверојатна комбинација од култура,
гастрономија, природа и модерна технологија – идеален вовед во патување исполнето со доживувања, кое продолжува кон
волшебниот остров Бали!
БАЛИ
Рајскиот остров на боговите
Волшебен тропски остров кој плени со својата природна убавина, духовност и длабоко вкоренета традиција. Толку сликовит што
на прв поглед се чини нереален. Опкружен со долги песочни плажи покрај екваторијалните и топли води на Индискиот и Тихиот
Океан, а во внатрешноста украсен со оризови тераси, вулкани, езера, бујни џунгли, бајковити села и скулптурални храмови, Бали
нуди совршен спој на авантура и мир.
Островот живее во ритамот на своите древни ритуали – секој ден исполнет со мирис на темјан, звуци на гонгови и насмевки на
локалните жители кои со гордост ја негуваат својата духовност и хинду традиција. Во Беноа ќе уживате во сонцето, морето и
релаксирачкиот престој на плажа, додека Убуд – духовното и уметничко срце на островот – ќе ве маѓепса со своите храмови,
традиционални пазари, уметнички галерии, свети извори и спокојна природа. Со својата топлина, култура и мистична енергија,
Бали е дестинација што остава траен впечаток и спомени што се паметат засекогаш.
10.03 – 21.03.2026 | 9 ноќи – 11дена | Вклучени тури и екскурзии | групно патување
Авионска програма со лет од Скопје
Авионски лет: Скопје – Истанбул – Сингапур | Сингапур – Бали | Бали – Истанбул – Скопје
Поаѓање од Скопје: 10.03.2026 во 09:15ч.
Пристигнување во Сингапур: 11.03.2026 во 10:00ч.
Сместување Сингапур (09-11.02): 2 ноќевања со појадок во хотел 4* (Hotel Boss или сличен)
Сместување на Бали (11-18.02): 7 ноќевања со појадок (4 ноќи во хотел на плажа + 3 ноќи во Убуд)
Друго вклучено: Трансфери + Разглед на Сингапур + 2 екскурзии на Бали + пратител
Враќање во Скопје: 21.03.2026 во 08:25ч.
Регуларна Цена по лице во двокреветна соба 1.995 € / 123.690 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 30.12.2025 1.895 € / 117.490 мкд
Доплата за еднокреветна соба 550 € / 34.100 мкд
Дете во соба со 2 возрасни или трето возрасно лице На барање
10.03.2026 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – СИНГАПУР

11.03.2026 СИНГАПУР (“City” тура)

12.03.2026 СИНГАПУР (факултативна тура)

13.03.2026 СИНГАПУР – ДЕНПАСАР (БАЛИ)

14.03.2026 БАЛИ

15.03.2026 БАЛИ (Тура – “Bali Heritage”)

16.03.2026 БАЛИ (Тура – “Bali’s Icons”)

17.03.2026 БАЛИ (Убуд)

18-19.03.2026 БАЛИ (Убуд)

20.03.2026 БАЛИ – ИСТАНБУЛ

21.03.2026 ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
-
Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Сингапур | Сингапур – Денпасар | Денпасар – Истанбул – Скопје.
• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
• 2 ноќевања со појадок во хотел 4* во Сингапур (Hotel Boss 4*, или сличен)
• Панорамска полудневна “City” Тура на Сингапур со локалне водич на англиски јазик.
• 4 ноќевања со појадок во хотел 5* на плажа на Бали (Nikko Bali 5*, или сличен).
• 2 тури на Бали со локален водич на англиски.
• 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во местото Убуд на Бали (Best Western Premier 4*, или сличен).
• Сите трансфери според програма (аеродром – хотел – аеродром во Сингапур и Бали)
• Придружник на групата за време на престојот, локални водичи, организација на аранжманот.
- Патничко здравствено осигурување.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
• Влезна виза за Индонезија.
• Туристичка такса за Бали – се плаќа онлајн еднократно ( https://lovebali.baliprov.go.id/ )
• Факултативна тури и екскурзии
Целодневна Факултативна тура во Сингапур:
ГРАДИНИТЕ НА ИДНИНАТА, КРСТАРЕЊЕ НА РЕКА СИНГАПУР И И МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СЕНТОЗА
Цена: 300 еур / лице (за минимум 8 пријавени патници, пријавување во агенција)
Целодневна тура во програмата опишана под ден 3, која вклучува:
• Влезници за стаклените градени (Flower Dome & Cloud Forest Dome)
• Крстарење со брод по река Сингапур (45 мин)
• Жичара (кон Sentosa Island)
• Влезници за Madame Tussauds Singapore и Images of Singapore Live
• Влезница за шоу Images of Singapore Live
• Превоз од / до хотел.
• Локален лиценциран водич на англиски јазик за време на турата.
- Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата. Одговорност за
проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво патникот.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници,
организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна
дваесет (20) дена пред поаѓање.
• Организаторот на патуваоето го задржува правото, во слушај на промена на цената на превозот (авионските билети,
аеродрпмски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни
или вонредни причини.
• За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници и доколку истиот
не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на
влезниците во локалитетите.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.












