АТИНА за Нова Година 2026

од179

АТИНА за Нова Година 2026

Departure Date

30 Dec - 03 Jan

Duration

5 дена 3 ноќевања

Views

2483

ЦЕНИ ВО ПРЕТПРОДАЖБА до 15.11.2025:

ECONOMY пакет (превоз, сместување со појадок): 189€ (11,718 мкд) 179 € (11.098 мкд)  
STANDARD пакет (превоз, сместување со појадок, посета на Атина и Метеори): 209€ (12.958 мкд) 189 € (11.718 мкд)

1 ден

30. Декември (вторник) СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден

31. Декември (среда) АТИНА

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... Сместување во хотел. Слободно попладне Атина можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно - на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
3 ден

01. Јануари (четврток) АТИНА - ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
4 ден

02. Јануари (петок) ОСТРОВОТ ЕГИНА - МАНАСТИР НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ

Појадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На само 40мин од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм пристанишниот град од 19ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица ... Враќање во Атина можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно - на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.
5 ден

03. Јануари (сабота) АТИНА - МЕТЕОРИ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотели и заминување од Атина кон Тесалија и градчето Каламбака. Во неговата непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Како изникнати во непрегледната рамнина се издигаат мноштвото високи камени карпи, врз чии врвови уште од средниот век христијанските монаси ги изградиле едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отоворените манастири, нивните цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање и во прекрасните панорами. Патувањето продолжува кон Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.