ЛЕТО НА КИПАР

од739

ЛЕТО НА КИПАР

КИПАР е островска држава позната по својата богата историја, пријатна клима и прекрасни плажи. Островот спојува европска и ориентална култура, со антички локалитети, традиционална кујна и гостопримливи луѓе. Лоциран во Средоземното море и влијанитео на средоземната медитеранска клима се причина на Кипар да доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар, службени јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија е најголем град на островот и единственот во светот кој припаѓа на две држави…

Аја Напа е едно од најпознатите туристички места на Кипар, позната по кристално чистото море, песочните плажи и живиот ноќен живот. Особено омилен кај младите и љубителите на летната забава, градот е познат по својот динамичен ноќен живот, бројните барови и клубови, но истовремено нуди и прекрасни природни пејзажи, кристално чисто тиркизно море и одлични услови за одмор. Во околината има и културни знаменитости, како манастирот Аја Напа, како и можности за излети со брод и прошетки покрај морето. Во овој дел од Кипар се наоѓаат некои од најубавите плажи на островот. Овие плажи ја прават Аја Напа една од најатрактивните летни дестинации во Медитеранот.
Ниси Бич (Nissi Beach) познат по белиот песок, плитко море и жива атмосфера.
Макронисос Бич е помирна и идеална за семејства, со ситен песок и чиста вода.
Ланда Бич нуди повеќе тишина и природна убавина.
Грчка Беј (Grecian Bay) е одлична за оние што сакаат комфор и уредена плажа во близина на центарот.

1 ден

СКОПЈЕ –– КИПАР

Состанок на групата на Скопскиот ареодром 2 часа пред лет. Полетување за Ларнакa во 16.20часот и слетување во 19.30часот. Организиран трансфер до хотелот во Аја Напа. Ноќевање.
2-7 ден

КИПАР

Појадок. Слободно време за индивидуални активности.
8 ден

КИПАР – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 14.20часот и слетување во 15.45часот.

 

Цената на аранжманот е по лице во двокревена соба, за услуга ноќевање со појадок.
Постои можност хотелот да се букира и на база полу пансион.

ОПИС НА ХОТЕЛИТЕ: