СИЦИЛИЈА ВЕЛИГДЕН

од699

СИЦИЛИЈА ВЕЛИГДЕН

Departure Date

09 Apr - 13 Apr

Duration

5 дена 4 ноќевања

Views

518

Рана уплата до  20.12:  699 евра   (43.340 денари)

За секоја  резервација направена во период од 24.11 до 06.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 759 евра   (47.060 денари)

1 ден

09.04 (Четврток) СКОПЈЕ – ТИРАНА - КАТАНИЈА

Состанок на групата во Скопје во 04:30 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Катанија во 12:00 и пристигнување во 13:25 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Катанија е вториот по големина град на истокот на Сицилија, познат по својата уникатна архитектура изградена од вулкански камен и привлекува посетители со своите “живи” плоштади и автентична сицилијанска атмосфера. Разглед на градот со водич: Главниот Плоштад, Фонтаната на слонови од 18 век која според легендата има моќ да го смири вулканот Етна, Катедралата од бел мермер посветена на Св. Агата - заштитничката на градот, Дворецот Урсино, Универзитетот... Прошетка по улицата Виа Етнеа, каде во 1669 година од вулканот Етна, еруптирала вжештена лава. Вечерта, слободно време за индивидуална прошетка и вечера во некој од локалните ресторани со чаша италијанско вино. Ноќевање.
2 ден

10.04 (Петок) ПАЛЕРМО

Појадок. Факултативно, посета на Палермо. Главен град на Сицилија - мултикултурен град кој живее дење и ноќе, има прекрасна архитектура, разновиден културен живот, традиционална сицилијанска кујна и одлична забава. Градот е познат и како поранешno седиште на сицилијанска мафија. Разглед во придружба на локален водич: Новата порта, Плоштадот Кватро Канти, Фонтаната на срамот, Театарот Масимо… Слободно време за индивидуални активности. Не пропуштајте да пробате италијански колачи Каноли, кои потекнуваат од Сицилија и се дел од нејзината традиционална кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

11.04 (Сабота) ЕТНА И ТАОРМИНА

Појадок. Факултативен излет до вулканот Етна и градот Таормина. Вулканот Етна (3.340 m) - најголемиот и единствен жив вулкан во Европа со околу 400 изгаснати и неколку активни кратери. Патуваме по црните патеки, некогаш прекриени со вжештена лава, пристигнување на надморска височина од 1.900 метри и слободно време за индивидуална прошетка околу постарите, изумрени кратери или можност за индивидуално патување со жичница (доплата на лице место) на надморска височина од околу 3.000 метри до кратерот кој последен пат бил активен во 2001 година (забелешка: патувањето до вулканот Етна зависи од временските услови). Таормина е модерен град и еден од најубавите места на Сицилија, а се наоѓа на ридот Монте Тауро. Прошетка по главната улица, Грчкиот амфитеатар од 3 век п.н.е. кој е еден од најдобро зачуваните амфитеатри од Античката ера, Палатата Ди Стефано, црквата Св. Катерина, Градска општина... Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

12.04 (Недела) СИРАКУЗА И НОТО

Појадок. Излет до Сиракуза и Ното. Сиракуза е град богат со историја и култура што датира од периодот на Античка Грција, некогаш по улиците на овој град шетал познатиот математичар Архимед, кој исто така е роден овде. Посета на островот Ортиџа - прошетка низ живописните улици до катедралата, која претставува уникатен пример за архитектура, комбинација од грчкиот храм на божицата Атина и барокна црква. Историското јадро на овој град е на листата на наследство на УНЕСКО. Уживајте во прошетката на градот, кој Цицерон го опишал како ,,најголемиот и најубавиот грчки град “. Малото гратче Ното, скриен скапоцен камен на Сицилија, кој исто така е на листата на светско наследство на УНЕСКО, со тесни камени улици и прекрасна барокна архитектура во боја на песок. Прошетка низ историскиот центар, со раскошните фасади на црквите и палатите, централната улица на Виторио Емануел, Градска Порта Реале, црквата Света Кјара, Катедрала Свети Никола, Палатата Николачи... Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден

13.04 (Понеделник) КАТАНИЈА - ТИРАНА - СКОПЈЕ

Појадок (breakfast box). Организиран трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување во 06:30 и пристигнување во Скопје во 07:50 часот. Трансфер до Скопје.