Банско 2026 Family hotel Lily 3*

од125

Банско 2026 Family hotel Lily 3*

Departure Date

30 Jan - 01 Feb

Views

312

Пакет аранжман Банско – Family Hotel Lily 3*


Термини:

30.01 – 01.02 – 2 ноќи, 125.00 €

Банско e рекреативен скијачки центар во Бугарија, ситуиран на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската – 1000 м. Градот е со наjголeма динамика на приватните инвестиции во туристичкиот дел на градовите во Бугарија и имало повеќе од 17 000 легла за туристите во 2010.

 

Family Hotel Lily 3* се наоѓа во центарот на Стариот град Банско или 1км оддалеченост од ски-станицата Гондола. Хотелот нуди ресторан, бесплатен интернет, тераси, централно греење, спа и сопствен паркинг (до пополнување на одреден број слободни места).

Појадокот се сервира во периодот од 08:00 – 10:00 часот наутро, по принцип шведска маса, а вечерата се служи во период од 18:00-20:00 часот по принцип на порција.

Спа центарот се состои од парна бања, сауна, џакузи и туш, истите функционираат во одреден период од денот.

Во лобито на хотелот има и бар, каде што се служи кафе, вода, сокови по ниски цени.

✅Флексибилни термини за јануари и февруари-сопствен превоз

💶25 евра по лице со вклучен појадок од вечер

1 ден

Поаѓање во утринските часови од Хотел Русија. За точно време на поаѓање добивате смс порака на 2 дена пред терминот. Попатно застанување за пауза и обавување на гранични и царински формалности. Планирано пристигнување во хотелот за време на Check in околу 14:00 часот.
2 ден

Слободно време за одмор и релаксација и индивидуално користење на слободното време.
3 ден

Одјавување од хотел после појадокот. Во договорено време поаѓање кон Македонија.

Сместување:

Family hotel Lily 3*

Соби и апартмани на 1 кат:

Апартман број 101 располага со спална соба (одделена со врата) единечен кревет и софа. Нуди сместување за 3 возрасни лица, или з возрасни и дете до 12 години.

Соби со броеви 102, 103, 104, 105, 106, 107 и 108 се двокреветни. Парните броеви имаат поглед кон дворот, непарните броеви поглед кон улицата.

Апартман број 109 располага со спална соба (одделена со врата), единечен кревет и софа на извелувае. Нуди сместување за 3 возрасни лица, или з возрасни и дете до 6 години.

 

Соби и апартмани на 2 кат:

Апартман број 201 располага со спална соба (одделена со врата) два единечни кревети и софа. Нуди сместување за 4 возрасни лица, или 4 возрасни лица и дете до 12 години (погодна за фамилија).

Соби со броеви 202, 204, 205, 206, 207 и 108 се двокреветни.

Апартман број 209 располага со спална соба (одделена со хармоника врата) единечен кревет и софа. Нуди сместување за 3 возрасни лица, или 3 возрасни лица и дете до 12 години.

 

Соби и апартмани на 4 кат:

Соба број 401 располага со брачен кревет и единечен кревет и мини софа (нуди прекрасен погед кон Родопите и планината Рила. Нуди сместување за 3 возрасни лица.

Соба број 402 располага со три единечни кревети (нуди прекрасен погед кон Родопите и планината Рила. Нуди сместување за 3 возрасни лица.

Овие две студија се погодни за млади лица.