Апулија е сложувалка од чуда, почнувајќи од Гаргано до Саленто, со должина од над 930 километри зачудувачко крајбрежје. Дивата природа и синото море ќе ве маѓепсаат, но не треба да се занемарат ниту екскурзиите до трули, масерии и историските села. Топлото, воздржано гостопримство и вкусната кујна ja прават Апулија незаборавна. Апулија го добила името по древниот нардо Апили кои живееле на ова подрачје во времето пред Антички Рим. Првите фосилни остатоци од човек датираат од пред 25.000 години и се пронајдени во близина на Алтамура.
Патувањето на откривањето на Апулија започнува од Бари, нејзиниот главен град. Стариот град, познат како „Бари векија“, е лавиринт од тесни улички каде што фолклорот и традицијата имаат единствена живост.
Тука се наоѓа базиликата Свети Никола, еден од омилените центри на православната црква на Запад и спектакуларен пример за апулиска романска архитектура. Недалеку можете да го посетите замокот во Бари, градската знаменитост, импозантна тврдина која сега е музеј. Икона на регионот е Алберобело, популарна туристичка дестинација. Благодарение на неговите познати трули, антички конусни живеалишта кои датираат од 17 век, заштитени од УНЕСКО. Со истата радозналост и убавина ќе Ве освои и таканарачениот „Бел град“ поради куќите покриени со вар што го карактеризираат центарот на градот, Остуни нуди прекрасен поглед од ридот каде што се наоѓа. Неколку пати наградуван за своите плажи, нуди волшебно море.
Во претпродажба за ограничен број на места: 379€ (23.498 мкд) со вклучен 1 разглед
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 429€ (26.598 мкд) со вклучен 1 разглед
20 март (петок) СКОПЈЕ - БАРИ

21 март (сабота) МАТЕРА - АЛБЕРОБЕЛО

22 март (недела) ОСТУНИ – МОНОПОЛИ – ПОЛИЊАНО А МАРЕ

23 март (понеделник) БАРИ (Панорамски разглед) - СКОПЈЕ

– Авионски превоз на релација: Скопје – Бари – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување во Бари, Хотел Barion **** – 3 ноќевања со појадок
– Панорамски пешачки разглед на Бари со локален водич
– Рачна торба торба (20x40x30cm) до 10кг.
– Oрганизирани трансфери во Бари: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- – Здравствено – патничко осигурување
– Туристичка такса: 3-5 € по лице по ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
– Факулативна посета на Матера и Алберобело (трансфер и локален водич) – 70€
– Факултативан посета на Остуни, Монополи, Полињано а Маре (трансфер и локален водич) – 70€
– Доплата за 1/1 соба – 110€
– Билети за јавен превоз
– Влезници за културно-историските споменици
- – За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 20 патници
· За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А АТЛАНТИК и СКТМ



























