Нова Година во Атина

од189

Нова Година во Атина

Departure Date

30 Dec - 04 Jan

Duration

6 дена 4 ноќевања

Views

705

ECONOMY пакет (превоз, сместување со појадок): 239€ (11,718 мкд) 219 € (13.578 мкд)  
STANDARD пакет (превоз, сместување со појадок, посета на Атина и Метеори): 249€ (12.958 мкд)  22€ (11.718 мкд)

 

Атина е еден од најстарите градови на светот, а историјата на овој град започува уште 3000 години п.н.е. Наречена е уште колевка на цивилизацијата затоа што кај неа за прв пат се појавува демократијата, западната филозофија и литература, како и Олимписките игри и математичките теории.

Покрај богатата историја Атина располага и со кристално сините води на Средоземното Море и долгите плажи.

Атина може да биде град во кој ќе научите и видите многу историски, но и убави места, со еден збор претставува приказна која трае!

1 ден

30. Декември (вторник) СКОПЈЕ - АТИНА

Состанок на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден

31. Декември (среда) СКОПЈЕ – АТИНА „ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА“

Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Организиран панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, храмот на Зевс, Арката на Адријан, Стариот стадион, Акропол, Атинската Агора, бродот Батернон. Попладне сместување во хотел. Слободно време за одмор. Навечер, можност за пречек на Новата Година на некој од организираните плоштади, во некоја таверна или ресторан – таверна на Плака, во богата мена и музичка програма со грчки песни и танци. Ноќевање.
3 ден

01. Јануари (четврток) АТИНА - ЕГИНА

Појадок. Целодневна екскурзија (дополнителна активност) или единствена можност за целодневен одмор. Посета на островот ЕГИНА, во Саронискиот залив. Посета на тамошниот манастир „Света Нектариј“ и големиот храм на Аполон. Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден

02. Јануари (петок) АТИНА – АРГОЛИДА (ПЕЛОПОНЕЗ)

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (дополнителна активност) – област Арголид. Посета на Коринтскиот канал (граница меѓу Егејското и Јонското море), Епидаврос (најакустичниот антички театар на светот), Нафплион (првата престолнина на Грција и еден од најубавите мали градови на Пелопонез), и Микена (најстариот град од времето на Агамемнон и Хеленската цивилизација). Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.
5 ден

03. Јануари (сабота) АТИНА – ДЕЛФИ

Појадок. Слободен ден во Атина, или факултативна посета на археолошкиот локалитет Делфи (некогашно светилиште на богот Аполон). Посета на еден од најпознатите археолошки наоѓалишта во Грција и тамуошниот археолошки музеј, изграден под подножјето на планината Парнас. Можност за посета на планинското градче Арахова. Враќање во Атина во попладневните часови. Ноќевање.
6 ден

04. јануари (недела) АТИНА – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ

Појадок. Заминување од Атина. Патувањето низ Грција води до градчето Каламбака во чие непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Изградени над камените карпи кои се издигнати над рамнината на Тесалија, претставуваат еден од најпознатите христијански монашки центри и создадени како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирници. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија со попатни запирања за одмор. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.