Велигден во ГРУЗИЈА

од799

Велигден во ГРУЗИЈА

Departure Date

09 Apr - 13 Apr

Duration

5 дена, 4 ноќевања

Views

398

Велигден во ГРУЗИЈА

попуст за уплати до 20.12.2025:  799 € / 49.540 мкд

За секоја  резервација направена во период од 24.11 до 06.12 доделуваме дополнителни 30 евра попуст по лице

 Цена на аранжманот: 849 евра (52.640 денари)

1 ден

09 Април СКОПЈЕ - СОЛУН- КУТАИСИ

Состанок на групата во 13.30 часот пред хотел Бристол. Пристигнување на аеродромот во Солун. Полетување за Кутаиси во 21.20 и пристигнување во 00.55 часот локално време. Трансфер и сместување во хотел во Кутаиси. Ноќевање.
2 ден

10 Aприл KУТАИСИ – МЦХЕТА - ТБИЛИСИ

Појадок. Патувањето продолжува до градот Мцхета каде се посетуваат катедралата Светицховели (тука ќе се направи поклонување на гробот на отецот Гаврил Грузиски), манастирот Жвари, Женскиот манастир и базиликата Антиохија со долга христијанска историја. Пристигнување во Тибилиси. Фолклорна вечера со традиционална грузиска храна во ресторан Tsiskvili Restaurant. Сместување во хотел. Време за слободни активности. Ноќевање.
3 ден

11 Aприл ТБИЛИСИ

Појадок. Локална прошетка низ Тбилиси која започнува со посета на црквата Метехи, со богата кралска историја од која може да се ужива во панорамскиот поглед на Тбилиси. Низ паркот Рике следи возење со жичарница до тврдината Нарикала, популарна туристичка атракција, совршено место за фотографирање. Прошетка до кањонот Легвтахеви, старите населби на Тбилиси, познати по лековитите сулфурни бањи, улиците Шардени и Ерекле II, плоштадот Мајдан, Мостот на мирот и авенијата Руставели, позната по уметничките галерии, продавници за сувенири, автентични кафулиња и ресторани. Попладне за слободни активности.. Во вечерните часови препорачуваме посета на некоја од многуте цркви, каде што може да се доживее велигденската атмосфера и уникатната духовна традиција на една од првите христијански држави. Ноќевање.
4 ден

12 Aприл ТБИЛИСИ – АНАНУРИ – ГУДАУРИ – КАВКАЗ- ГЕРГЕТИ

Појадок. Факултативна посета на комплексот Ананури, средновековна тврдина. Посета на Гудаури, бескрајна планинска убавина на Грузија. Пристигнување во Казбеги, набљудување на снежните врвови на Кавказ. Возење со теренски џипови до планината Гергети. Црквата Троица Гергети, сместена високо на падините на планината Гергети на 2.170 метри е врвот на оваа авантура. Црквата, со своите камени ѕидови и иконската силуета наспроти високиот Казбек е симбол на грузиската вера и наследство. Разглед на областа Кеви. Враќање во хотел. Слободно време за прошетка. Ноќевање.
5 ден

13 Aприл ТБИЛИСИ – ГОРИ – МУЗЕЈОТ НА СТАЛИН – КУТАИСИ

Појадок. Oдјавување од хотелот. Посета на винаријата Chateau Mukhrani каде ќе се дегустираат традиционални и локални вина. Потоа продолжуваме во градот Гори, прошетка низ музејот на Ј.В.Сталин кој дава детална слика за ликот и животот на Сталин, влијателна и поларизирачка историска личност. Поаѓање кон Кутаиси и посета на Академијата Гелати и Манастирскиот комплекс, светско наследство на УНЕСКО. Пристигнување кон аеродромот во Кутаиси и лет во 19:00 часот. Пристигнување во Солун во 20:45 часот локално време. Трансфер до Скопје.