Брисел – важи како главен град на Европа, вистински мултикултурен град, кој плени со својата архитектура, цветните плоштади со бројните кафетерии, прекрасните паркови и готските катедрали. Познат е по Атомиумот, вкусната кујна, белгиското чоколадо, по немирниот дух на своите жители, бучните улици и големите трговски центри.
Амстердам – градот на слободата и забавата, град на уметноста и сликарството. Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го посети, па дури и да живее таму. Познат е по каналите низ градот, по грижата на жителите за околината и природата и по прекрасните места за прошетка.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 489 евра по лице
1 ден
20.03.2026 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Брисел во 06:00 ч., Слетување во 08:55 ч. Организиран трансфер со автобус и разглед на градот: Атомиум - иконскиот споменик на Брисел,, паркот Cinquantenaire, возење низ Европскиот кварт со кратко застанување кај Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската комисија, Кралската палата и Place Royal – централниот кралси плоштад. Потоа следува Mont des Arts - панорамски културен комплекс и градина, како и пешачки разглед на стариот дел на градот, разглед на Стариот град: Grand Place – главниот градски плоштад, Brussels City Hall и Guild Houses – историските еснафски куќи, посета на Manneken Pis – најпознатата скулптура во градот, како и Galeries Royales Saint-Hubert – покриена луксузна трговска галерија. Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден
21.03.2026 (сабота)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневен разглед на градот: Minnewater Park и езерото Minnewater – познато како „Езерото на љубовта“, кратка прошетка низ Begijnhof (Beguinage) – историскиот бегински комплекс, разглед на градските бедеми и средновековните порти Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt – главниот плоштад со кулата Belfry of Bruges, како и Burg Square со Bruges City Hall (Stadhuis) и Basilica of the Holy Blood – една од најзначајните верски градби. Факултативно: искачување на кулата Belfry of Bruges или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина на холандско-белгиската граница. Ноќевање.

3 ден
22.03.2026 (недела)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Amsterdam и панорамски разглед на градот: Dam Square – централниот плоштад, Royal Palace Amsterdam, Nieuwe Kerk и National Monument. Потоа следува минување покрај Magere Brug (Skinny Bridge) – познатиот дрвен мост, и реката Amstel. Разгледот продолжува со надворешна посета на Rijksmuseum – националниот музеј, Van Gogh Museum и Concertgebouw – прочуената концертна сала. Пешачка тура низ Jordaan – една од најживописните населби, позната по шармантните канали, традиционалната архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: пловидба со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец A’DAM Lookout. Сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден
23.03.2026 (понеделник)
Појадок. Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: панорамски разглед на градот: Peace Palace – седиштето на Меѓународниот суд на правдата, Binnenhof – парламентарниот комплекс и Noordeinde Palace – работната кралска палата. Потоа продолжување кон Rotterdam, со можност да се видат Erasmus Bridge – еден од симболите на градот, Markthal – модерна покриена пазарна хала и Cube Houses (Kubuswoningen) – познатите куќи-коцки. Трансфер кон Eindhoven. Полетување во 16:10 ч., слетување во Скопје во 18:50 ч.

- Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен – Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА Атлантик












