ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ

од139

ВЕНЕЦИЈА-ВЕРОНА-МИЛАНО-ТРСТ

Departure Date

29 Mar - 01 Apr

Duration

4 дена 2 ноќевања

Views

499

ПРОМО ЦЕНА: 139 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 80 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (се плаќаат во бус)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 ЕВРА

Добредојдовте во Венеција – градот на каналите, романтиката и историјата!

 

Венеција е едно од најмагичните места на светот, познато по своите уникатни канали, величествени мостови и историјата која датира уште од средниот век. Овој прекрасен град на водата е дом на некои од најголемите уметнички и архитектонски ремек-дела, како Плоштадот Свети Марко и Палацо Дукале. Венеција плени со својата романтична атмосфера и е идеално место за разгледување на уличките и канали, возејќи се со гондола и откривајќи нови места. Венеција е место каде историјата и убавината се спојуваат, создавајќи едно незаборавно искуство за сите посетители.

1 ден

Петок (10.04.2026)

Состанок на групата на Дрводекор во 11:30 часот. Поаѓање за Италија во 12:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

Сабота (11.04.2026)

Пристигнување во Трст во утринските часови. Следува мал разглед на градот во кој има микс на различни култури поради граничењето со Словенија и поради тоа дека долги години бил дел од Австр-унгарската империја. Добрата клима е причина да се посети овој град. По разгледот на градот, упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village, каде што ќе најдете продавници како Adidas, Calvin Klein, Calzedonia - Intimissimi, Desigual, Gap, Guess, Kappa, Kiko, Levi's, Marc O'Polo, Nike и уште многу други брендови. Слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање за Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

Недела (12.04.2026)

Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Верона и Милано. По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија. Разгледот започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. Слободно време. Потоа, продолжуваме кон Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

Понеделник (13.04.2026)

По појадокот, одјавување од хотелот и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод до центарот на Венеција. Слободно време за разглед на најпознатиот град на вода: плоштадот и цркватаСв.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони и поаѓање за Скопје, преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 14.04.2026 (вторник).