КРАЈОВА - Божиќен Маркет

from48€

КРАЈОВА - Божиќен Маркет

Departure Date

13 Dec - 20 Dec

Duration

1 ДЕН

Views

334

 Ние ви нудиме бајка во бајковитата КРАЈОВА – магијата на Олтенија во Романија , град што️ веќе неколку години е на топ листите на европските градови со спектакуларна. Ова е најголемиот божиќен пазар во Европа, кој се протега на 280.000 метри квадратни, а освен новогодишни декорации и огромни елки, има многу празнични активности и забавен парк,  летечка санка на Дедо Мраз, лизгалиште, панорамско тркало, бајковити куќички и уште многу други атракции украсени со илјадници светилки.

Термини: 05.12.2026 / 19.12.2026
ТОП ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 2990ден
За патници од Скопје и Велес 3300ден.
Поаѓање во 00:00 часот од Кочани.Организиран превоз од: Скопје,Велес,Штип,Виница,Каменица,Делчево.
Патуваме преку граничен премин Делчево кон Крајова – еден од најголемите романски градови, жив, со универзитет, аеродром и прекрасни зачувани згради стари над еден век. Програмата започнува со посета на паркот „Никола Романеску“. Слободно време за фотографии во паркот и зоолошката градина, која се наоѓа во него (повеќекратна пауза од околу 40 минути). Продолжуваме кон трговскиот центар Променада – најмодерниот трговски центар во Крајова, кој нуди разновидни продавници, ресторани и забава. Слободно време во трговскиот центар 1 час и 30 минути. Потоа – панорамска пешачка тура низ центарот на градот, каде што ќе ја видите Уметничката галерија и музеј, црквата Мадона Дуду, куќата на доктор Петар Берон, плоштадот Михаил Витјазул со Општината и Музејот на уметноста, античката црква Света Троица, изградена во 18 век и украсена од француски мајстори, англискиот парк со споменикот на Александар Јоан Куза – првиот владетел на обединета Романија. Сите знаменитости се разгледуваат однадвор за да се ужива во архитектурата и историската атмосфера на градот. Слободно време за шопинг и прошетка меѓу празничните божиќни украси, каде што гостите можат да го почувствуваат духот на сезоната и да се фотографираат за сувенири. Заминување и враќање во Македонија околу 18:00 часот.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

За ова патување важат општите услови на Т.А Атлантик.