Белград е главен и најголем град на Србија, сместен на спојот на реките Сава и Дунав. Тој е еден од најстарите градови во Европа, со историја подолга од 7.000 години. Низ вековите бил под влијание на различни цивилизации – Римјани, Византијци, Османлии и Австроунгарци.
Денес Белград е жив и динамичен град, познат по својот ноќен живот, кафани, фестивали и опуштена атмосфера. Калемегданската тврдина е еден од најпознатите симболи на градот, а делови како Дорќол и Земун имаат посебен шарм.
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
Цена: 119€ / 7380 ден.




- ✓Превоз со туристички автобус на дадената релација
- ✓Организација и водство на патувањето
- ✓Прошетка низ Белград со локален водич – ГРАТИС
- ✓2 ноќевање со појадок во хотел 3* во Белград
- ✓Посета на трговскиот центар „Галерија“
- ✓Посета на Манастирот Тумане
- ✕Посета на Нови Сад – 25 еур по лице
- ✕Tуристичка Такса 2.50 е од ноќ по лице
- ✕Сите патници кои што се пријавуваат на овој аранжман задолжително мора да ја одберат факултативата за Нови Сад
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување. Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањетo. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување. Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат! Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање. Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Либеро Травел и на самата агенција. Со оваа програма важат Општите услови на ТА Атлантик и СКТМ.















