Малтешките острови, опишани како музеј на отворено. Она што ги прави уникатни е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Влезете во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеа христијанството… Каде и да одите, пејсажите на островите и архиотектурата нудат спектакуларна позадина. Впечатливи бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило…
Попуст за ранa уплатa до 31.10 : 329 € / 20.400мкд
и дополнителни 30 евра попуст на цената по лице за резервации направени од 21.10. – 29.10.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 € / 23.500 мкд
04 декември (петок) СКОПЈЕ – МАЛТА – БИРГУ -ВАЛЕТА

05 декември (сабота) ИЗЛЕТ ПО МАЛТА- МDINA - BlUE GROTTO – МАРСАШЛОК – СЕНТ ЏУЛИЈАН

06 декември (недела) ВАЛЕТА - СЛИМА – СЕНТ ЏУЛИЈАН

07 декември (понеделник) ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) - СКОПЈЕ

– Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Alexandra 3* во Малта на база 3 ноќевања со појадок
– Рачен багаж (1 мека торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– 1. Посета на Попај село 30 евра (трансфер, влезница и придружник)
– 2. Посета на Валета и Слима 50 евра (трансфер, локален водич)
– 3. Излет Малта (Ta Qali, Rabat, Mdina, Blue Grotto, Marsaxlokk) 55 евра (трансфер, локален водич)
– 4. Вечерен излет на Валета со посета на Божиќен базар и посета на 3те градови Birgu, Senglea и Cospicua 35 евра (трансфер, локален водич)
– Ред. бр. 2,3,4 -ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 130 евра
– Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
– Патничко – здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд.
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Атлантик.















