Мадрид, централниот и главен град на Шпанија, град на елегантни булевари, големи и уредени паркови каков што е Ретиро… исто така е град и на страста, уметноста и музиката. Градот поседува богати збирки на европска уметност, вклучувајќи ги и делата во Музејот Прадо од Гоја, Веласкез … Срцето на стариот Хабсбуршкиот Мадрид е Плаза Мајор, Кралска палата и оружарницата… И секако за крајот на денот за не ја заборавиме страсната шпанска музика и огнениот фламенко танц…
Попуст за ранa уплатa до 31.10 : 539 € / 33.420мкд
и дополнителни 30 евра попуст на цената по лице за резервации направени од 21.10. – 29.10.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 579 € / 35.900 мкд
1ден 04.12 Петок СКОПЈЕ - МАДРИД

2ден 05.12 Сабота МАДРИД

3ден 06.12 Недела МАДРИД – ТОЛЕДО

4ден 07.12 Понеделник МАДРИД– Скопје

Авионски превоз на релацијата Скопје – Мадрид – Скопје
Рачен багаж – 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг
Организиран трансфер Ародром – Хотел – Аеродром
Сместување во Хотел Сантос Прага 4* на база 3 ноќевања со појадок
Разглед на Мадрид со локален водич и влезница за Кралската палата
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Доплата за чекиран багаж – една инфо за цена 5 дена пред патување.
Карти за локален превоз (метро)
Патничко-здравствено осигурување
Туристичка такса 1250 денари
Доплата за еднокреветна соба 10.500 денари
Факултативни посети:
Факултативна целодневна посета на Толедо со вклучен автобуски превоз, локален водич и влезницa за катедралата 95 евра
Индивидуални влезници: инфо во агенција за влез во
музеј Прадо, музеј Реина Софиа, стадионот Сантиаго Бернабе
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.
Дете од 2 до 12 години плаќа 509 евра.
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Атлантик.















