Атлантик · Видеорепортажа
Тасос
Борови шуми, песочни плажи и тиркизно море на најсеверниот грчки остров.
Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400 км и 30 минути возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров, комбинација на море и планина, со чисти песочни плажи и тиркизносина боја на морето.
Изобилува со борова шума и мирис на медовина, природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион, со 1.204 метри надморска височина, е планината која гордо се извишува над плажите Скала Потамија и Голден Бич.
Во должина од 3 км се простираат Скала Потамија и Голден Бич, споени во една плажа, означена со сино знаменце за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај, плажата асоцира на злато.