Атлантик · Видеорепортажа / 2 видеа

Скијатос

Борови шуми, кристално море и повеќе од 50 плажи на Северните Споради.

Скијатос — видео 1
Отвори на YouTube (нов прозорец)

На само 400 км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект се стигнува до прекрасниот, кристално чист остров Скијатос. Припаѓа во групата на Северните Споради и изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море.

Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Скијатос има површина од 50 км² и повеќе од 50 плажи со различна тематика.

Плажи со деноноќни забави — Бананарама; плажи за одмор и релаксација — Агиа Елени и Мистик; диви плажи на северниот дел од островот — Мандраки…

Градот Скијатос, со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.

Скијатос — видео 2
Отвори на YouTube (нов прозорец)