Назад кон понудите
Zel Mallorca 4* - Палманова
патување

Zel Mallorca 4* - Палманова

Шпанија

За патувањето

Медитерански луксуз со потписот на Рафаел Надал – доживеј ја Мајорка во нејзиното најстилско издание!

ZEL Mallorca е ексклузивен lifestyle хотел со 4*, создаден во соработка со тениската легенда Рафаел Надал, кој ја спојува автентичната медитеранска атмосфера со модерен луксуз и опуштен островски начин на живот. Сместен на самата плажа во Палманова, хотелот нуди совршен амбиент за гости кои бараат стилски одмор покрај морето.

Гостите можат да уживаат во два надворешни базени, од кои едниот има директен пристап до плажата, додека другиот е опкружен со зелена градина. За целосна релаксација се грижи AUA Wellness Studio со спа третмани, масажи, сауна и простор за одмор, а на располагање се и модерна фитнес сала, јога и различни спортски активности.

Посебно доживување нуди гастрономската понуда на Beso Beach Mallorca, со баскиско-медитеранска кујна и ресторан непосредно покрај морето. Хотелот располага со модерно уредени соби и апартмани со медитерански дизајн, а дел од нив нудат прекрасен поглед кон морето и пространи приватни тераси.

ZEL Mallorca е повеќе од хотел – тоа е уникатно медитеранско доживување за оние кои сакаат да уживаат во сонцето, морето, врвната гастрономија и активниот островски живот.

  • Локација на самата плажа
  • Уникатен концепт создаден во соработка со Рафаел Надал
  • Два надворешни базени со медитерански амбиент
  • AUA Wellness Studio со спа и релакс третмани
  • Beso Beach Mallorca – ексклузивен ресторан покрај морето
  • Јога, фитнес и активни спортски програми
  • Модерни соби и апартмани со поглед кон морето
  • Можност за престој со домашни миленици
Дати, цени и услуги
ДатумНоќиВозрасно лице во двокреветна соба
15.06-22.0671649 €
22.06-29.0671679 €
29.06-06.0771749 €
17.07-24.0771779 €
24.07-31.0771779 €
31.07-07.0871839 €
07.08-14.0871849 €
04.09-11.0971779 €
11.09-18.0971699 €

Цената вклучува:

  • Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
  • Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
  • 7 ноќевања со појадок

    Напомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.

  • Цената не вклучува:

  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата

  • Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
  • За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
  • Еднокреветна соба е на барање.
  • Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на ТА Атлантик.

  • Термини на поаѓање

    ПериодОписЦена
    15.06.2027 - 18.09.2027-102.238 MKD