Назад кон понудите
INNSiDE by Meliá Alcúdia 4* - Порт де Алкудија, Мајорка
патување

INNSiDE by Meliá Alcúdia 4* - Порт де Алкудија, Мајорка

Шпанија

За патувањето

Над 300 сончеви денови годишно. Илјадници причини да ја избереш Мајорка!

INNSiDE Alcudia е модерен хотел со 4 ѕвезди, сместен во едно од најубавите летувалишта на Мајорка – Порт де Алкудија, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа со кристално чиста вода. Со современ дизајн, опуштена медитеранска атмосфера и разновидни содржини, хотелот е одличен избор за парови и семејства кои сакаат активен, но и релаксирачки одмор.

Хотелот располага со два надворешни базени, сончева тераса со Bali лежалки, модерен фитнес центар и Olita Spa Wellness Centre за целосна релаксација. За најмладите гости има Kids Club со креативни работилници, игри и забавни активности, како и посебна кино-сала за филмски вечери.

Гастрономската понуда вклучува ресторан со богата шведска маса и локални медитерански специјалитети, италијански ресторан Mascalzone, бар и Food Truck покрај базенот. Комфорните соби и пространи студија нудат пријатен амбиент за одмор по исполнет ден на островот.

Дополнителна предност е одличната локација за истражување на северниот дел на Мајорка, во близина на историскиот стар град Алкудија, природниот парк S’Albufera и спектакуларниот ‘ртот Форментор.

INNSiDE Alcudia е идеален избор за оние кои сакаат да ја доживеат Мајорка преку прекрасни плажи, локална гастрономија, активни содржини и модерен хотелски комфор.

  • 100m од плажа
  • Два надворешни базени и Bali лежалки
  • Olita Spa Wellness Centre
  • Kids Club и кино-сала
  • Модерен фитнес центар со 24-часовен пристап
  • Италијански и медитерански ресторан
  • Пространи студија и соби
  • Одлична локација за истражување на северна Мајорка
Дати, цени и услуги
ДатумНоќиВозрасно лице во 1/2 собаПакет цена за 2 возрасни + 1 дете до 11.99гПакет цена за 2 возрасни + 2 деца до 11.99г
15.06-22.0671129 € 269 € 3529 €
22.06-29.0671139 € 2599 € 3569 €
29.06-06.0771259 € 2889 € 3839 €
17.07-24.0771369 € 3119 € 4129 €
24.07-31.0771369 € 3119 € 4129 €
31.07-07.0871379 € 3149 € 4209 €
07.08-14.0871379 € 3149 € 4219 €
04.09-11.0971229 € 2809 € 3749 €
11.09-18.0971139 € 2659 € 3609 €

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
  • Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
  • 7 ноќевања на база полупансионНапомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.

  • Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата

  • Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
  • За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
  • Еднокреветна соба е на барање.
  • Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
  • При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
  • Сите останати услови на патување важат според правилата на ТА Атлантик.
  • Термини на поаѓање

    ПериодОписЦена
    15.06.2027 - 18.09.2027-69.998 MKD