За патувањето
Мајорка - Повеќе од 200 плажи и заливи, едно островско рајско доживување!
SOL Barbados е модерен семеен хотел со 4 ѕвезди, сместен во популарното летувалиште Магалуф, на само 50 метри од плажата. Хотелот е одличен избор за семеен одмор, со посебен акцент на забавата и водените активности за сите возрасти.
Една од најголемите атракции е WaterLand Pool – комплекс со големи базени, водени тобогани, водопади, SplashPad зона и интерактивен детски базен. Хотелот располага со комфорни соби, дел од нив со поглед кон морето, ресторан со богата шведска маса и show cooking, како и повеќе барови за уживање во текот на денот.
За најмладите гости се организираат забавни активности, игри и тематски програми, а дополнителна атракција е близината до Katmandu Park, за кој гостите добиваат 25% попуст на влезниците.
Со одлична локација, разновидни содржини и можност за All Inclusive услуга, SOL Barbados е одличен избор за безгрижен летен одмор на Мајорка.
- 50 метри од плажа
- WaterLand Pool со тобогани и водени атракции
- Посебна SplashPad зона за најмалите
- Семејни соби до 48 m²
- Ресторан со show cooking и тематска гастрономска понуда