За патувањето
Мајорка – остров со повеќе од 300 сончеви денови годишно!
SOL Palmanova е одличен семеен хотел со 4 ѕвезди, сместен во атрактивното летувалиште Палманова, на само 120 метри од прекрасната песочна плажа со кристално чиста вода. Хотелот нуди All Inclusive услуга и разновидни содржини за безгрижен семеен одмор.
Во рамките на хотелот гостите можат да уживаат во четири надворешни базени, вклучувајќи голем базен во форма на лагуна, детски и бебешки базен, како и водени атракции за најмладите. За децата е достапен Kidsdom мини клуб со креативни работилници, игри, тематски забави и мини-диско.
Хотелот располага со комфорни соби, семејни соби и соби со поглед кон базенот или морето, два ресторани со богата шведска маса и show cooking, како и барови и snack bar.
Дополнителна предност е близината до Katmandu Park, каде гостите остваруваат 25% попуст на влезниците. Со богата дневна и вечерна анимација, спортски активности и одлична локација, SOL Palmanova е прекрасен избор за семеен одмор на Мајорка.