Назад кон понудите
Hotel Espanya by Alegria 3* - Калела
патување

Hotel Espanya by Alegria 3* - Калела

Шпанија

За патувањето

Сместен непосредно до медитеранското крајбрежје, во срцето на шармантното летувалиште Калела, Hotel Espanya
by ALEGRIA 3* е одличен избор за летен одмор исполнет со сонце, море и автентична шпанска атмосфера.
Благодарение на својата одлична локација – на само неколку чекори од плажата, хотелот овозможува брз пристап
до песочната плажа, крајбрежното шеталиште, локалните ресторани, кафулињата и продавниците.
Хотелот располага со комфорни, климатизирани соби, а дел од нив нудат балкон и поглед кон море. Една од
најатрактивните содржини е базенот на покривот. Хотелскиот ресторан нуди локални и интернационални
специјалитети на база на шведска маса, а барот е идеално место за освежување во текот на денот.
Калела е позната по долгите плажи, пријатната медитеранска атмосфера и живописниот стар град. Одличната
железничка поврзаност овозможува излети до Барселона и истражување на други места долж каталонското
крајбрежје.
Датуми, цена и вклучени услуги
ДатумНоќиВозрасно лице3-то возрасно лицеЦена на дете (2-11.99)Едокреветна соба
17.06-24.067Early bird – 579 €
Редовна цена – 629 €
Early bird – 529 €
Редовна цена – 549 €
Early bird – 439 €
Редовна цена – 459 €
40 € / ноќ
24.06-01.077Early bird – 579 €
Редовна цена – 639 €
Early bird – 529 €
Редовна цена – 589 €
Early bird – 449 €
Редовна цена – 489 €
40 € / ноќ
01.07-08.077Early bird – 599 €
Редовна цена – 659 €
Early bird – 559 €
Редовна цена – 609 €
Early bird – 479 €
Редовна цена – 509 €
40 € / ноќ
08.07-15.077Early bird – 629 €
Редовна цена – 689 €
Early bird – 589 €
Редовна цена – 639 €
Early bird – 499 €
Редовна цена – 539 €
40 € / ноќ
15.07-22.077Early bird – 649 €
Редовна цена – 699 €
Early bird – 609 €
Редовна цена – 659 €
Early bird – 519 €
Редовна цена – 559 €
40 € / ноќ
22.07-29.077Early bird – 679 €
Редовна цена – 729 €
Early bird – 629 €
Редовна цена – 679 €
Early bird – 549 €
Редовна цена – 579 €
40 € / ноќ
29.07-05.087Early bird – 679 €
Редовна цена – 729 €
Early bird – 629 €
Редовна цена – 679 €
Early bird – 549 €
Редовна цена – 579 €
40 € / ноќ
05.08-12.087Early bird – 679 €
Редовна цена – 729 €
Early bird – 629 €
Редовна цена – 679 €
Early bird – 549 €
Редовна цена – 579 €
40 € / ноќ
12.08-19.087Early bird – 649 €
Редовна цена – 709 €
Early bird – 609 €
Редовна цена – 659 €
Early bird – 519 €
Редовна цена – 559 €
40 € / ноќ
19.08-26.087Early bird – 619 €
Редовна цена – 679 €
Early bird – 579 €
Редовна цена – 629 €
Early bird – 499 €
Редовна цена – 529 €
40 € / ноќ
26.08-02.097Early bird – 589 €
Редовна цена – 649 €
Early bird – 539 €
Редовна цена – 599 €
Early bird – 459 €
Редовна цена – 499 €
40 € / ноќ
02.09-09.097Early bird – 579 €
Редовна цена – 629 €
Early bird – 529 €
Редовна цена – 549 €
Early bird – 439 €
Редовна цена – 459 €
40 € / ноќ

* Цените се по лице за 7 ноќи. Деца 0–2 години: 80 € по лице.
* За потврда на „рана“ резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е
неповратен.

Во цената е вклучено:

✓ Повратен авионски билет Скопје – Барселона – Скопје
✓ Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
✓ Аеродромски такси
✓ Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
✓ 7 ноќи во Hotel Espanya by Alegria 3* на база полупансион
✓ Сместување во двокреветни и трокреветни соби (хотелот не располага со четворокреветни соби)
✓ Попуст за деца од 2 до 11.99 години


Во цената не е вклучено:

✗ Туристичка такса (2 € по ден по лице, се плаќа на лице место – подложно на промени)
✗ Патничко осигурување (може да се извади во агенција)
✗ Доплата за багаж според моменталната цена на авиокомпанијата

Факултативни излети
Барселона Панорамика 65 € (деца до 12: 35 €)
Целодневен излет – обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди. Тргнување во утринските часови со автобус од Коста
Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри
надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги
набљудувал битките од ова ритче.
Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото
шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа
прекрасна земја – сè на едно место. Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата
улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера. И, секако,
неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо
слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални
активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла
Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат
многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.

Цена на излетот: 65 €. Деца до 12 години: 35 €.

Аквариум Барселона 35 € (деца 2–12: 50%)
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните
гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој аквариум е еден од
најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Времетраење: 1,5 часа.
Музеј Дали + Герона 75 € (деца до 12: 40 €)
Тргнување во утринските часови од Коста Брава.
Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе
прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право
наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада
во светот – широка дури 55 метри.
Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го
краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за
индивидуални активности.
Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот
фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела
Шпанија. Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна
поставка од делата на овој генијален уметник.
По посетата следува слободно време во Фигерас

Дополнителни информации
• Во хотелот има двокреветни и трокреветни соби.
• Деца 0–2 години се наплаќаат 80 € по лице.
• За потврда на „рана“ резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ; уплатениот износ е
неповратен.
• Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авиокомпанијата ги промени летовите;
патниците ќе бидат навремено известени.
• Пасошот треба да важи минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
• Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување (може да се извади во нашата агенција).
• При резервација се плаќа 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
• Сите останати услови на патување важат според правилата на ТА Атлантик.

Термини на поаѓање

ПериодОписЦена
17.06.2027 - 09.09.2027-35.898 MKD