Назад кон понудите
Hotel Alegria El Mar 4* Superior - Санта Сузана
патување

Hotel Alegria El Mar 4* Superior - Санта Сузана

Шпанија

За патувањето

Сместен во популарното летувалиште Санта Сузана, на само една минута пешачење од плажата, ALEGRIA El Mar 4*
Superior е одличен избор за летен одмор на шпанското крајбрежје. Со модерно уреден амбиент, удобни соби и
разновидни содржини за релаксација и забава, хотелот е погоден за семејства, парови и пријатели.
Хотелот располага со климатизирани соби – стандардни, соби со поглед на море и апартмани. На гостите им се
достапни надворешен базен, ресторан со шведска маса со локални и интернационални специјалитети и кафе-бар.
Хотелот нуди и Spa & Wellness центар со внатрешен загреан базен со хидромасажа, сауна и турска бања, како и
фитнес-сала.
За најмладите се организираат активности и забавни програми, а вечерите се со музика во живо во хотелскиот бар.
Во зависност од избраниот пакет, достапна е и All Inclusive услуга. Благодарение на близината до песочната плажа,
хотелот е одлична почетна точка за долги прошетки покрај морето и откривање на шармот на шпанското
крајбрежје.
Цената вклучува
ДатумНоќиВозрасно лице3-то возрасно лицеЦена за дете (2-11.99)Еднокреветна соба
17.06 – 24.067Early bird – 729 €
Редовна цена – 789 €
Early bird – 649 €
Редовна цена – 669 €
Early bird – 529 €
Редовна цена – 549 €
40 € / ноќ
24.06 – 01.077Early bird – 739 €
Редовна цена – 789 €
Early bird – 649 €
Редовна цена – 709 €
Early bird – 539 €
Редовна цена – 579 €
40 € / ноќ
01.07 – 08.077Early bird – 749 €
Редовна цена – 809 €
Early bird – 679 €
Редовна цена – 729 €
Early bird – 569 €
Редовна цена – 599 €
40 € / ноќ
08.07 – 15.077Early bird – 779 €
Редовна цена – 839 €
Early bird – 709 €
Редовна цена – 759 €
Early bird – 589 €
Редовна цена – 629 €
40 € / ноќ
15.07 – 22.077Early bird – 779 €
Редовна цена – 859 €
Early bird – 729 €
Редовна цена – 779 €
Early bird – 609 €
Редовна цена – 649 €
40 € / ноќ
22.07 – 29.077Early bird – 829 €
Редовна цена – 879 €
Early bird – 749 €
Редовна цена – 799 €
Early bird – 639 €
Редовна цена – 669 €
40 € / ноќ
29.07 – 05.087Early bird – 849 €
Редовна цена – 899 €
Early bird – 769 €
Редовна цена – 819 €
Early bird – 659 €
Редовна цена – 689 €
40 € / ноќ
05.08 – 12.087Early bird – 829 €
Редовна цена – 879 €
Early bird – 749 €
Редовна цена – 799 €
Early bird – 639 €
Редовна цена – 669 €
40 € / ноќ
12.08 – 19.087Early bird – 799 €
Редовна цена – 859 €
Early bird – 729 €
Редовна цена – 779 €
Early bird – 609 €
Редовна цена – 649 €
40 € / ноќ
19.08 – 26.087Early bird – 769 €
Редовна цена – 829 €
Early bird – 699 €
Редовна цена – 749 €
Early bird – 589 €
Редовна цена – 619 €
40 € / ноќ
26.08 – 02.097Early bird – 729 €
Редовна цена – 799 €
Early bird – 659 €
Редовна цена – 719 €
Early bird – 549 €
Редовна цена – 589 €
40 € / ноќ
02.09 – 09.097Early bird – 729 €
Редовна цена – 789 €
Early bird – 649 €
Редовна цена – 669 €
Early bird – 529 €
Редовна цена – 549 €
40 € / ноќ

* Цените се по лице за 7 ноќи. Деца 0–2 години: 80 € по лице.

* За потврда на „рана“ резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ на аранжманот.
Уплатениот износ е неповратен.

Вклучено во цена:

✓ Повратен авионски билет Скопје – Барселона – Скопје
✓ Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
✓ Аеродромски такси
✓ Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
✓ 7 ноќи во Hotel El Mar 4* Superior на база полупансион
✓ Сместување во двокреветни и трокреветни соби (Хотелот не располага со четврокреветни соби)
✓ Попуст за деца од 2 до 11.99 години


Не е вклучено во цена:

✗ Туристичка такса (2 € по ден по лице, се плаќа на лице место – подложно на промени)
✗ Патничко осигурување (може да се извади во агенција)
✗ Доплата за багаж според моменталната цена на авиокомпанијата


Факултативни излети
Барселона Панорамика 65 € (деца до 12: 35 €)
Целодневен излет – обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди. Тргнување во утринските часови со автобус од Коста
Брава.
По пристигнувањето во Барселона, се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри
надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги
набљудувал битките од ова ритче.

Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место.

Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата
улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера. И, секако,
неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо
слично не постои во светот.
Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални
активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла
Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат
многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино.
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.
Цена на излетот: 65 €. Деца до 12 години: 35 €.

Аквариум Барселона 35 € (деца 2–12: 50%)
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните
гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој аквариум е еден од
најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Времетраење: 1,5 часа.

Музеј Дали + Герона 75 € (деца до 12: 40 €)
Тргнување во утринските часови од Коста Брава.
Патувањето нè води кон бајковитата Ѓирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе
прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедрала, со право
наречена „Бисерот на круната на Ѓирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада
во светот – широка дури 55 метри.
Ќе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го
краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за
индивидуални активности.
Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот
фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела
Шпанија. Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во животот, со необичната и уникатна
поставка од делата на овој генијален уметник.
По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање на Коста Брава во вечерните часови.
Цена на излетот: 75 €. Деца до 12 години: 40 €.



Дополнителни информации
• Сместување во двокреветни и трокреветни соби (Хотелот не располага со четврокреветни соби)
• Деца 0–2 години се наплаќаат 80 € по лице.
• За потврда на „рана“ резервација (early bird) потребна е уплата од 25% од вкупниот износ; уплатениот износ е
неповратен.
• Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авиокомпанијата ги промени летовите;
патниците ќе бидат навремено известени.
• Пасошот треба да важи минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
• Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување (може да се извади во нашата агенција).
• При резервација се плаќа 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
• Сите останати услови на патување важат според правилата на ТА Атлантик.

Термини на поаѓање

ПериодОписЦена
17.06.2027 - 09.09.2027-45.198 MKD