Назад кон понудите
Gran Hotel Bali & Spa 4* - Бенидорм
патување

Gran Hotel Bali & Spa 4* - Бенидорм

Шпанија

За патувањето

Бенидорм е еден од најпознатите туристички градови во Шпанија, сместен на живописната Коста Бланка, на околу
45 километри од Валенсија. Со пријатна медитеранска клима, долги песочни плажи со Blue Flag сертификати и над
300 сончеви денови годишно, градот со право го носи прекарот „Менхетенот на Медитеранот“. Нуди ресторани,
барови и забава во текот на целата година, тематски паркови како Terra Mítica, Aqualandia и Mundomar, старо
градско јадро и панорамската точка Balcón del Mediterráneo.
Gran Hotel Bali 4* е симбол на модерниот Бенидорм – со 52 ката, хотелот е белег на градот. Сместен е во мирниот
дел La Cala, на околу 350 метри од плажата Poniente, а во близина има ресторани, барови и забава. Собите се
пространи и климатизирани, а повисоките катови нудат поглед кон морето и заливот.
На гостите им се достапни неколку надворешни базени (лагуна, полусемиолимписки и детски), надворешно џакузи,
ресторани со шведска маса, повеќе барови и Wellness центар со спа-содржини, масажи и фитнес-сала.
Панорамската тераса на 43. кат нуди поглед од 360°, а Sky Bar на 52. кат – коктел со поглед кон заливот.
Датуми, цена и вклучени услуги

ДатумНоќиВозрасно лице3-то возрасно лицеЦена за дете (2-11.99)Еднокреветна соба
18.06-25.067Early bird – 849 €
Редовна цена – 889 €
Early bird – 809 €
Редовна цена – 829 €
Early bird – 649 €
Редовна цена – 669 €
45 € / ноќ
21.06 – 28.067Early bird – 859 €
Редовна цена – 889 €
Early bird – 819 €
Редовна цена – 849 €
Early bird – 639 €
Редовна цена – 659 €
45 € / ноќ
25.06 – 02.077Early bird – 869 €
Редовна цена – 919 €
Early bird – 829 €
Редовна цена – 869 €
Early bird – 649 €
Редовна цена – 669 €
45 € / ноќ
16.07 – 23.077Early bird – 995 €
Редовна цена – 1059 €
Early bird – 929 €
Редовна цена – 989 €
Early bird – 719 €
Редовна цена – 759 €
45 € / ноќ
23.07 – 30.077Early bird – 995 €
Редовна цена – 1059 €
Early bird – 929 €
Редовна цена – 989 €
Early bird – 719 €
Редовна цена – 759 €
45 € / ноќ
06.08 – 13.087Early bird – 1089 €
Редовна цена – 1149 €
Early bird – 1009 €
Редовна цена – 1069 €
Early bird – 769 €
Редовна цена – 799 €
45 € / ноќ
03.09 – 10.097Early bird – 869 €
Редовна цена – 919 €
Early bird – 829 €
Редовна цена – 869 €
Early bird – 659 €
Редовна цена – 679 €
45 € / ноќ
10.09 – 17.097Early bird – 849 €
Редовна цена – 889 €
Early bird – 799 €
Редовна цена – 829 €
Early bird – 629 €
Редовна цена – 659 €
45 € / ноќ

* Цените се по лице за 7 ноќи на база полн пансион.

Во цената е вклучено:
✓ Авионски билет Тирана – Валенсија, со аеродромски такси (TIA 19:00 – VAL 22:00 | VAL 22:40 – TIA 01:25)
✓ Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
✓ Трансфер аеродром – хотел – аеродром
✓ Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
✓ 7 ноќевања на база полн пансион (појадок, ручек, вечера – шведска маса) во Gran Hotel Bali 4*

* Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави
минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.


Во цената не е вклучено:

✗ Патничко осигурување (може да се извади и преку агенцијата)
✗ Туристичка такса во хотел (се плаќа на рецепција при сместување)
✗ Доплата за СПА центар (се плаќа директно во хотел)
✗ Доплата за соба со поглед на море (се плаќа во хотел)


Факултативи
Целодневна посета на Валенсија со водич – Град со безвременска магија 85 € по лице
Започнуваме со импресивните Торес де Серанос – величествен симбол на Валенсија и дел од некогашните градски ѕидини што
го штителе стариот град.
Потоа се упатуваме низ преубавите градини Турија, еден од најголемите урбани паркови во Европа. Создаден на местото на
поранешното корито на реката, овој парк е долг над 9 километри, поминува под 18 историски мостови и ги поврзува
најзначајните градски атракции.
Од модерниот Биопарк – зоолошка градина каде животните живеат во природно опкружување – стасуваме до футуристичкиот
Град на уметностите и науките, дело на Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела. Во овој комплекс се наоѓаат:
• Океанографик – најголемиот аквариум во Европа
• Музејот на науките
• Палау де лес Артс – центар за уметност и култура со светски репертоар
Нашата прошетка продолжува кон Plaza de la Virgen, еден од најстарите плоштади во градот, каде се наоѓа прекрасната Фонтана
Турија. Тука е и Катедралата на Валенсија, каде што, според преданието, се чува Светиот Грал. За оние што сакаат мал
предизвик, се нуди качување на Торањот Мигелете – 214 скалила со поглед што го одзема здивот.
Навлегуваме во Барио дел Кармен, кварт исполнет со тесни улици, живописни фасади и историја на секој чекор. Тука се наоѓа и најтесната куќа во светот – широка само 107 сантиметри! 

Следува посета на Централниот пазар, вистински гастрономски рај каде мирисите, боите и вкусовите на Валенсија се претвораат
во доживување.
Не ја изоставуваме и Lonja de la Seda, ремек-дело на готската архитектура и светско културно наследство на УНЕСКО, како и
елегантниот Mercado de Colón, симбол на модернистичката убавина на градот.
Валенсија не е само град – тоа е совршена комбинација на историја, уметност, вкус и енергија. Подгответе се за екскурзија што
навистина ги буди сите сетила!
Времетраење на турата: 09:00 – 19:30.

Дополнителни информации
• Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авиокомпанијата ги промени летовите;
патниците ќе бидат навремено известени.
• Пасошот треба да важи минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
• Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување (може да се извади во нашата агенција).
• При резервација се плаќа 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
• Сите останати услови на патување важат според правилата на ТА Атлантик.

Термини на поаѓање

ПериодОписЦена
18.06.2027 - 17.09.2027-52.638 MKD