Назад кон понудите
БУДИМПЕШТА СО ВИЕНА CHRISTMAS MARKET 2026
патување

БУДИМПЕШТА СО ВИЕНА CHRISTMAS MARKET 2026

8ми Декември

За патувањето

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

ПРОМО ЦЕНА: 219e ЕВРА ( 13 580ден)


Цената вклучува
  • ✓Автобуски превоз на наведената релација
  • ✓3 ноќевања со појадок во Хотел 3* во околина на Будимпешта
  • ✓Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • ✓Организиран целодневен разглед на Виена и Christmas Marketite.

  • Цената не вклучува
  • ✕Разглед на Будимпешта со локален водич -20 евра - задолжителна факултатива
  • ✕Крстарење со брод по реката Дунав – 25 евра
  • ✕Посета на Сент Андреа – 20 евра
  • ✕Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање (се плаќа во агенција)
  • ✕Патничко осигурување 
  • СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 60евра

  • Напомени
  • РАЗГЛЕДОТ НА БУДИМПЕШТА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА.
  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Агенцијата организатор го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 6 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • За овој аранжман важат општите услови на Т.А Атлантик.

  • Програма по денови

    5 дена
    1. 1

      1 ден · 03.12.2026 · четврток

      Состанок со групата пред агенција Либеро Травел во попладневните часови.Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
    2. 2

      2 ден · 04.12.2026 · петок

      Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич (20 евра по лице): плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме кон CHRISTMAS MARKET. Слободно време за одмор. Враќање кон хотел. Ноќевање.
    3. 3

      3 ден · 05.12.2026 · сабота

      Појадок.Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечертa одиме на факултативно крстарење по реката Дунав. По завршување посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.
    4. 4

      4 ден · 06.12.2026 · недела

      Појадок. Веднаш после појадокот се упатуваме кон Виена. Целодневен разглед на Виена и посета на CHRISTMAS MARKET. Во вечерните часови се упатуваме кон Будимпешта. Ноќевање.
    5. 5

      5 ден · 07.12.2026 · понеделник

      Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Враќање назад за Македонија со попатни паузи и царински формалности.

    Термини на поаѓање

    ПериодОписЦена
    03.12.2026 - 07.12.2026-13.580 MKD