Пристигнување во Parndorf во претпладневните часови.
Следува слободно време за шопинг во познатиот Designer Outlet Parndorf, еден од најпопуларните шопинг-центри во Австрија, со повеќе од 170 продавници и попусти во текот на целата година.
Можност за шопинг во продавници на познати светски брендови како Armani, Prada, Hugo Boss, Gucci, Guess, Mango, Diesel и многу други.
Во договорено време, продолжување на патувањето кон Виена.
Пристигнување и сместување во хотел.
Во договорено време, можност за факултативен разглед на Виена со туристички водич. Ќе ги запознаеме најпознатите знаменитости на австриската престолнина: Виенската опера, дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе,катедралата Св. Стефан и Стефанплац.
Прошетката низ центарот на Виена ќе ни овозможи да ја почувствуваме посебната празнична атмосфера на градот, украсен и подготвен за дочекот на Новата година.
По разгледот, враќање во хотел и краток одмор.
Во договорено време, заминување кон центарот на Виена, каде што ќе имаме можност да уживаме во новогодишната атмосфера и прославата на плоштадите во срцето на градот. Можност за индивидуално уживање во празничната атмосфера, посета на барови и локали или прошетка низ осветлениот центар.
Во договорено време, враќање во хотел.
Ноќевање.