Назад кон понудите
Авионски превоз Скопје – Малта – Скопје со Wizz Air (рачен багаж до 8 кг)
Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта
4 ноќевања со појадок во хотел Kennedy Nova 4* во Слиема
Организација на аранжманот и лиценциран придружник
Задолжителна тура Marsaxlokk – Blue Grotto 30 €
Факултативна посета на Мдина, Моста и Та’Али 60 €
Факултативна посета на Гозо 60 €
Факултативно крстарење по заливот Валета 30 €
Сите 4 екскурзии со попуст 160 €
Трансфер Битола / Охрид / Ресен / Прилеп / Дреново / Велес 15 € повратно
Трансфер од центарот на Скопје до аеродромот и назад 10 €
Туристичка такса во хотелот
Влезници за музеите
Патничко осигурување
Деца од 2 до 12 години: 398 €
Доплата за еднокреветна соба: 90 €
Трокреветна соба: по цената по лице во двокреветна, на барање
Пријавувањето за факултативните излети е при резервација
За реализација на аранжманот потребни се најмалку 20 патници
Резервација со аванс од најмалку 30 % и копија од пасош; целосна уплата 14 дена пред поаѓање
Важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.
патување
МАЛТА за Нова Година
Нова Година
Цената вклучува
Цената не вклучува
Напомени
Програма по денови
5 дена- 1
1 ден · 28.12.2026 · понеделник
Скопје – Малта
Состанок на групата на аеродром Скопје во 11.10 часот. Полетување во 13:10 часот, а слетување на аеродром во Малта во 15,00 часот (локално време). Трансфер и сместување во хотел во Слиема – најатрактивната туристичка област блиску до Валета. Слободна вечер за прошетка и уживање во променадата покрај море. Ноќевање. - 2
2 ден · 29.12.2026 · вторник
Малта-Гозо
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување со бус и брод од пристаништето Cirkewa. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Екскурзијата ја започнуваме со градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оригиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… посета на Dwejra, спектакуларно место каде се наоѓал Азурниот прозорец, како и посета на црквата ta’Pinu Враќање во хотел во попладневните часови. Цена на турата 60 Еур. Ноќевање. - 3
3 ден · 30.12.2026 · среда
Моста-Мдина-Валета
Појадок. Слободен ден. Можност за факултативна целодневна екскурзија до Mosta, Mdina, Crafts Village и Valetta. Се упатуваме спрема централниот дел на островот со посета на стариот главен град на островот-Мдина, уште и познат и како тивкиот град. Додека се движиме низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачиме на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“, изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali, каде што се наоѓаат најразлични занаетски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Заминување за главниот град и разглед на Валета, изграден од витезите на St. John. Потоа прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што застанува здивот од панорамскиот поглед на Големиот Залив. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музејот на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети (влезница 15 Еур) Цена на турата: 60 Eur. Враќање во хотел. Вечерта можност за организирана посета на култното место за ноќен живот Ст. Џулианс (јавен транспорт). Ноќевање. - 4
4 ден · 31.12.2026 · четврток
Малта-Крстарење по заливот Валета
Појадок. Можност за релаксирано претпладне како и организирано утринско поаѓање за опуштено двочасовно пловење во заливот како апсорпција на атмосферата на островот после дочекот на Нова Година. (доколку дозволуваат временските услови). Крстарење низ двете природни пристаништа Марсамкси и Гранд Харбор, кои одиграа клучна улога во историјата на Малта. Ќе уживате во поинаков поглед на Валета, во сета нејзина убавина и одлична можност да се опуштите и да направите уникатни фотографии. Цена на турата 30Еур. По пловењето, слободно време за прошетка во главниот шопинг зона на Слиема или одмор во некое од многуте кафулиња. Вечерта организиран Дочек на НОВА ГОДИНА на плоштадот во Валета. Единствена можност на Плоштадот на Републиката и Плоштадот Св. Џорџ кој стануваат центар за забава со концерти, светлосни шоуа и величествени огномети што го осветлуваат небото над прекрасната Валета. Луѓето од различни делови на Малта и светот се собираат овде за да го дочекаат доаѓањето на новата година во главниот град (посета со јавен превоз – автобус или ферибот 3-5 еур). Ноќевање. - 5
5 ден · 01.01.2027 · петок
Малта-Marsaxlokk-Blue Grotto -Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Полудневна задолжителна екскурзија (30 еур) до јужниот дел на Малта, со посета на блискиот комплекс Blue Grotto, кој се состои од дури седум пештери и рибарското село Марсашлок. Прошетка низ живописното гратче, покрај неговото шеталиште покрај морето, каде што можете да видите многу шарени традиционални рибарски чамци Луцу. Можност за ручек од богатата понуда на локални специјалитети. Цена на задолжителната тура 30 Еур . Организиран трансфер до аеродром во 13.00 часот. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот.
Галерија
Термини на поаѓање
| Период | Опис | Цена |
|---|---|---|
| 28.12.2026 - 01.01.2027 | - | 28.334 MKD |