По
појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на
плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по
познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот
Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а
потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се
фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон
градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот
со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа
најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio
Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle
каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не
води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во
светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер
на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот.
Ноќевање.