Појадок.
Препорачуваме посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат
старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки,
музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални
прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови... Кога ќе
пристигне декември, Будимпешта се претвора во вистинска зимска бајка.
Плоштадите се украсени со илјадници светилки, мирисот на варено вино, цимет и
традиционални унгарски специјалитети се шири низ градот, а божиќните мелодии
создаваат незаборавна празнична атмосфера.Најпознатите Божиќни маркети, на
плоштадите Ворошмарти и пред Базиликата Свети Стефан, нудат рачно изработени
подароци, празнични украси, локални деликатеси и богата музичка програма.
Вечерните часови се особено магични, кога фасадата на базиликата оживува со
спектакуларно светлосно шоу. Прошетајте покрај романтичниот Дунав,
фотографирајте се покрај Парламентот осветлен во празничен сјај, посетете ги
историските знаменитости и уживајте во една од најубавите божиќни атмосфери во
Европа.Слободно време за индивидуални прошетки и посета на божиќниот пазар. Во
вечерните часови можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под
прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните
објекти во Будим и Пешта. Враќање во хотел. Ноќевање.