Пристигнување
во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич,
разгледување на најпознатите плоштади Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните,
Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол
(факултативно). ЗОШТО АКРОПОЛ? Кога ќе се спомене стара Грција, веднаш ве
асоцира на Атина, на Акрополот со неговите познати храмови, на совршениот склад
на убавината и беспрекорноста, на “симбол на вистинскиот хуманизам“, на
центарот на класичниот свет. Според преданијата, Athena и Poseidon некогаш се
спореле околу превласта над градот Атина. Poseidon ја докажувал својата сила
удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото
место започнало да извира вода. Божицата Athena, после тоа, на голата карпа
засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Poseidon, признал дека бил
победен, а светото маслиново дрво на божицата Athena го бранела Акрополот од
сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината
карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина
била наречена Акрополис – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил
користен за ископувања и за истражување на стара Грција – уште од неолитско
време, пред 4000 години, се смета дека бил создаден. Првата утврдена палата,
била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од
тоа време, околу 1200 години пред нашата ера, останале зачувани. Грците во
шестиот век пред нашата ера, меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на
божицата Athena, монументална влезна врата и светилиште на богот Nike. На сите
овие градби, не им било судено да опстанат долго време. Персијците во периодот
од 480-479 година, ги срамниле со земја. Temistokle и Kimon наредиле да се
израмнат само рововите и повторно да се изградат. Како материјал ги користеле
остатоците од старите храмови. Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат
со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу
останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои.
Војсководецот и диктаторот Perikles, од 461 година пред нашата ера, владеел со
Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите на чии што остатоци и
ден денешен се воодушевуваме. Во 448 година, била основана комисија на
градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Fidij – архитекти и
сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле
потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект.
Сместување во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови организирана
прошетка низ најстарата населба Плака, познато како местото на боговите кое се
наоѓа под Акропол, Монастираки, плоштадот Синтагма… Едни од најшармантните
квартови на Атина испреплетени со тесни улички, спој на историјата и модерното,
а кога на сето тоа ќе се додаде Божиќната магија, тогаш доживувањето ќе биде
уште поневеројатно. Враќање во хотел. Ноќевање.