Третиот ден е предвиден за
факултативна посета на Пераст и Котор.
Пераст изгледа како парче од Венеција што пловело по Јадранот и се закотвило во
Которскиот залив. Пераст е сместен во подножјето на ридот Свети Илија во
Которскиот залив. И покрај тоа што има само една главна улица, овој мал град
може да се пофали со 16 цркви и 17 поранешни големи палати. Тивок и величествен
– Пераст, еден од скриените бисери на Црна Гора гарантираме дека ќе Ве освои на
прв поглед. По посетата на Пераст се упатуваме кон Котор.
Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не
смеете да го пропуштите. Се наоѓа во затскриен дел на Которскиот залив.
Воодушевувачките градски ѕидини говорат за историјата на градот кој и денес
зрачи со духот на антиката, изграден помеѓу 12 и 14 век. Од 1979 година стариот
град Котор е на списокот на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Тој е дом
на бројни знаменитости, како што е катедралата Свети Трифун во стариот дел на
градот, изградена во 1166 година и античките ѕидини кои се протегаат на 4,5
километри директно над градот и водат до тврдината Свети Иван. Котор претставува
една од најпопуларните туристички дестинации во Црна Гора. Стариот град
всушност е најпознатиот дел на Котор, каде се зачувани которската историја,
култура и традиција, а посетителите имаат можност да се восхитуваат на
средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи.
Во попладневните часови враќање во Будва и во договорено време се упатуваме кон
градскиот плоштад, каде што ќе уживаме организирана забава со многу изведувачи
организирана на плоштадот. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.