За патувањето
Кавала е еден од најубавите и најпознатите градови на Егејското Море. Сместен покрај брегот, градот плени со својата автентична атмосфера, прекрасните морски пејзажи и богатата историја. За време на божиќните празници, Кавала добива посебна празнична магија. Секоја година, во централното пристаниште се поставува и украсува традиционален мал брод, кој претставува еден од препознатливите симболи на празничната атмосфера во градот.