За сместувањето
Најсеверниот остров на грчкиот
архипелаг.На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на
островот Тасос.Зелен остров
комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на
морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински
возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над
плажата Скала Потамиа и Голден биџ.Во должина од 3км.се простира плажата на
Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за
чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај ,
плажата асоцира на злато.
Студио “СТЕФАНИЈА“ лоцирана во Скала
Потамиа на оддалеченост околу 150 метри од плажата Голден бич.Извонредна
местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.Има
сопствен паркинг.На само неколку метри од вилата има
супермаркети,ресторани,таверни ..... Има обезбедено паркинг
простор за секое студио за гостите
КОРИСТЕЊЕ НА КЛИМА, ПАРКИНГ, WI – FI ( БЕСПЛАТНО)
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
75 € за возрасни – повратна карта
60 € за деца до 12 години – повратна карта
60 € за возрасни или деца – карта во еден правец
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
20€ за возрасни – повратна карта
15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта