ПРАГА 3НП (Карлови Вари - Дрезден - Виена)

од179

ПРАГА 3НП (Карлови Вари - Дрезден - Виена)

Departure Date

23 May - 28 May

Duration

6 дена 3 ноќевања

Views

701

Цена за уплата до 31 Март: 179 € / 11.100 ден


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 € / 12.340 ден

1 ден

23.05.2023 СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30ч. Поаѓање на автобусот во 12:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден

24.05.2023 ПРАГА

Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

25.05.2023 ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.
4 ден

26.05.2023 ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање
5 ден

27.05.2023 ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.
6 ден

28.05.2023 СКОПЈЕ

Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови ( во зависност од граничните премини)

Повеќе

Tour Name Price Per Adult Price Per Child Available Seats Departure Date Duration
ПРАГА 3НП (Карлови Вари - Дрезден - Виена) 179 0 0 23 May ~ 28 May 6 дена 3 ноќевања

Booking Information

Name Price ( Adults/Children ) Persons ( Adults/Children ) Quantity Total

SUMMARY

Subtotal 0
Total 0

Customer Information

*
First Name is required.
*
Last Name is required.
*
Number Phone is required.
*
Address is required.
Thank You. Your booking have received and booking number is