КАПАДОКИЈА

од169

КАПАДОКИЈА

Departure Date

24 Nov - 30 Nov

Duration

7 дена 4 ноќевања

Views

1080


Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.

1 ден

24 Ноември СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09:30 часот. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку гр.премин Деве Баир, Бугарија (Софија,Пловдив), Истанбул, Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден

25 Ноември СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА

Во утринските часови пристигнуваме на Соленото езеро. Tuz Golu, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро...Пауза и прошетка до (низ) езерото и можност за првите сувенири. По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во одбран CAVE хотел и краток одмор до првите возбудувања во Кападокија. МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА ЗАПОЧНУВА: МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО Препорачуваме 2 можности : - “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта, место каде што Вашите желби се исполнуваат и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Се вози во колана со неколку водичи. Незаборавна авантура за сите возрасти. Наша топла препорака. (Дозвола не е потребна) или.... - “BUS SUNSET TOUR”: Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови.. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина. Враќање во CAVE хотел. Пред вечера, ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe (влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци“, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме. Вечера*. Ноќевање.
3 ден

26 Ноември ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – “КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА” – ТУРСКА ВЕЧЕР

Појадок. .... Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања: КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Почнуваме со панорамски поглед на замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... Потоа Ве водиме во подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендиз, со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Ве водиме и на панорамски поглед на кратерското езеро “Nargolu”. За крај, посета на фабрика за драги и полудраги камења, сребрен и златен накит. Тука ќе се запознаете и со познатиот драг камен Sultanit–го има исклучиво во Турција и Султаните го користеле за изработка на прекрасни накити. Враќање во хотел. Вечера*. ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, апетисани и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

27 Ноември ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”

Денот е предвиден за 3 возбудливи доживувања: ЛЕТ СО БАЛОН: Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура никогаш нема да ја заборавите... уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печката што го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балони во лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига на 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел. Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла). Појадок. .... СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Денеска магичните приказни и прошетки започнуваат со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан. Следат посети и разгледувања на најубавите долини: Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни самовилини оџаци. Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г. Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„. Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„. Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите. Враќање во хотел. Краток одмор. ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата, можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата. Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Враќање во хотел. Вечера*.Ноќевање.
5 ден

28 Ноември ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - ИСТАНБУЛ

Појадок. Багажот се остава во автобус. Во утринските часови ве водиме на нови возбудувања. МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и невообичаени приказни. Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи, траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Место каде живеат Македонци. На крај посета на фамилијарна работилница и продавница за слатки. GOREME-WATERGARDEN & EMMAR SQUARE MALL-ISTANBUL : - Патувањето продолжува кон Истанбул попатни паузи за одмор и попатна вечерна посета на најновиот монденски трговски центар на Азиската страна на Истанбул, отворен 2017.Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот базен со фонтани. Екслузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу... многу ресторани, кафетерии, забавни паркови, кина и брендирани продавници. Пристигнување во Истанбул во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
6 ден

29 Ноември ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок.* Стварите се ставаат во автобус. Продолжуваме со приказните од 1001 ноќ. ПАНОРАМСКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИСТАНБУЛ: Се возиме покрај Мраморното море, влезот на Златниот рог и Босфор. Ќе уживаме во погледот кон Топ Капи Сарај палатата, Аја Софија, Сулејмание џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар. Го поминуваме Златниот рог преку надалеку познатиот мост Галата со поглед кон Галата кулата и Девојачката кула. Од автобус, се префрламе на брод...... КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата... Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... За крај ...... ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата. ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон. Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија. СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Повеќе

Tour Name Price Per Adult Price Per Child Available Seats Departure Date Duration
КАПАДОКИЈА 169 0 0 24 Nov ~ 30 Nov 7 дена 4 ноќевања

Booking Information

Name Price ( Adults/Children ) Persons ( Adults/Children ) Quantity Total

SUMMARY

Subtotal 0
Total 0

Customer Information

*
First Name is required.
*
Last Name is required.
*
Number Phone is required.
*
Address is required.
Thank You. Your booking have received and booking number is