БУКУРЕШТ - 24.Мај

од149

БУКУРЕШТ - 24.Мај

Departure Date

28 Dec - 02 Jan

Duration

4 дена 2 ноќевања

Views

968

Цена на аранжманот во претпродажба: 149 € (9.240,00 мкд)
Цена на аранжманот: 169 € (10.480,00 мкд)

1 ден

23.мај (четврток) СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ

Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот пред СЦ "Борис Трајковски" . Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.
2 ден

24.мај (петок) БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј... Сместување во хотел. Навечер, факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.
3 ден

25.мај (сабота) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

26.мај (недела) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.