БАРСЕЛОНА

од359

БАРСЕЛОНА

Departure Date

24 May - 27 May

Duration

4 дена 3 ноќевања со појадок

Views

3771

Посетете ја каталонската кралица на Медитеранот,величенствениот град со прекрасна убавина кој живее 24 часа дневно,софистицираната,елегантна и романтична стара дама – неповторливата Барселона. Град кој ќе ве освои на прв поглед,град кој го воодушеви Пикасо,градот на Гауди,Колумбо….Уживајте во импресивните и необични градби на Антони Гауди кои го чинат овој град единствен.

1 ден

24.05.2019 (петок) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Полетување за Барселона во 18:15 часот. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Трансфер и сместување во хотелот. Ноќевање.
2 ден

25.05.2019 (сабота) БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИСКИ КОМПЛЕКС – МОН ЖУИК - ШПАНСКО СЕЛО

Појадок.Панорамски разглед на Барселона:булеварот Диагонал (главната авенија која Барселона ја дели на два блока-источен и западен). Почнуваат разгледите на магичните градби од Антонио Гауди (архитект,уметник,научник,визионер).. Следува посета на готската катедрала Саграда Фамилија –ремек дело на Антонио Гауди, посета на Каса Батло (куќата од коски) и Каса Мила (Ла Педрера – куќата без рабови која дава впечаток дека гледате во смрзнати бранови) срцето на градот-Плоштадот Каталонија и Шпанскиот плоштад. Овде е и Олимпискиот комплекс со кула која го носи името на прочуенуиот архитект Калтрава, продолжуваме кон еден од најраскошните делови на Барселона брдото Мон Жуик (брдото на Евреите од каде ќе имате фасцинантен поглед како од бајките),Шпанско село (дел од светската изложба од 1927 година) каде може да го искусите вистинскиот дух на стара Шпанија.Доаѓаат на ред Магичните фонтани каде што водоскоците менуваат бои и танцуваат во ритамот на музиката, монументалниот споменик на Колумбо. Факултативна посета на Аквариумот еден од најголемите и најубави во Европа.Враќање во хотел. Ноќевање
3 ден

26.05.2019 (недела) БАРСЕЛОНА – ПАРК ГУЕЛ-ТИБИДАБО – НОУ КАМП

Појадок.Можност за факултативна посета низ парковите на Барселона.Најпрвин планирана е посета на паркот Гуел на брдото Ел Кармел (кое претставува едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди).Паркот е огромен и таму можете да доживеете некое необјасниво смирување и спокојство,иако е секогаш голема гужва и многубројни туристи од разни континенти буквално го преплавуваат целиот парк.Овде се наоѓа куќата на Гауди.Восхитувањето станува уште поголемо кога ќе го здогледате гуштерот облепен со скршени керамички плочки, изработка по гаудиевата техника “тренкадис”. Посетата продолжува кон Тибидабо (највисоката точка во Барселона – 512 метри надморска висина,а овде се наоѓа и познатата црква од неоготски стил “Саграт кор”).Оттука се пружа совршениот и најубав поглед на цела Барселона и на морето,каде можете да искулирате,да се напиете кафе,сок,каде во меѓувреме музицира локален бенд,расположен за добра свирка и забава. Можност за факултативна посета на на еден од најпознатите стадиони во светот – Ноу Камп каде игра фудбалскиот клуб Барселона. После посетата упатување кон познатиот шопинг центар “Маремагнум” и прошетка низ авенијата Ла Рамбла (улица преполна со туристи,улични актери,танчери и сликари). Слободно време за прошетка и индивиудални активности.Во договореното време враќање во хотел.Ноќевање.
4 ден

27.05.2019 (понеделник) БАРСЕЛОНА - ФИГЕРАС – ГЕРОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативен излет за Гирона и Фигерас – целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали.Место каде е роден и живеел Дали.Овде можат да се видат разноразни колекции,скулптури, 3Д колажи.Попатно се упатуваме кон живописното гратче Гирона .Најпрво се поаѓа за Гирона кое се наоѓа североисточно на Шпанија непосредно до француската граница.Прошетка низ градот, тврдината,катедралата – која претставува срцето на тврдината ,колоритните куќички на брегот на реката Онуар. Доколку нема доволен интерес за факултативниот излет патниците имаат слободен ден за индивуална прошетка. Во договореното време враќање во хотел. Во 19:00 часот трансфер до аеродромот Ел Прат – Барселона.Лет за Скопје во 21:50 часот. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот.

Повеќе

Tour Name Price Per Adult Price Per Child Available Seats Departure Date Duration
БАРСЕЛОНА 359 0 0 24 May ~ 27 May 4 дена 3 ноќевања со појадок

Booking Information

Name Price ( Adults/Children ) Persons ( Adults/Children ) Quantity Total

SUMMARY

Subtotal 0
Total 0

Customer Information

*
First Name is required.
*
Last Name is required.
*
Number Phone is required.
*
Address is required.
Thank You. Your booking have received and booking number is