АЗУРЕН БРЕГ (СО АВИОН)

од599

АЗУРЕН БРЕГ (СО АВИОН)

Departure Date

08 Oct - 12 Oct

Duration

5 дена 4 ноќевања

Views

5653

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И АВАНСНА УПЛАТА 30% ДО 24.06.2024 :

599 € / 37.140 ден

РЕДОВНА ЦЕНА: 659 € / 40.860 ден

1 ден

08.10.2024 (вторник) ШТИП - СКОПЈЕ – СОФИЈА

Поаѓање од Штип во 06:00 часот.Поаѓање од Скопје пред Хотел ВИП во 07:00 часот кон аеродромот во Софија. Пристигнување во Софија во 11:00 часот по локално време. Лет од Софија во 13:25 часот. Пристигнување во Ница во 14:55 часот. Трансфер од аеродромот во Ница до хотелот.Сместување во хотел. Панорамски (пешачки) разглед на Ница со локален водич .Запознавање со Ница - кралицата на Азурната обала,препознатлива по познатите хотели,прекрасните палати,казината и долгите плажи): стариот град,најатрактивниот пазар на цвеќињата,најголемиот плоштад во Масена и шеталиштето Променаде Де-Англ (прочуеното Англиско шеталиште, долго 5 км, место на кое Ница му должи за својата слава и популарност.Оваа феноменална препознатлива авенија го зафаќа целиот залив на Ница. Авенијата ја изградил англичанец, Луис Веј, кој сам ја финансирал изградбата во 1820 година.Населението во Ница оваа улица ја нарекувале Приморска улица,за потоа англискиот војвода,синот на кралицата Викторија да ја промовира како Англиско шеталиште).Најпознатата градба на шеталиштето е Гранд Хотел Негреско 5* изграден во 1912 година. Разглед на Плоштадот Масена (од каде започнуваат сите големи булевари,кој многу потсетува на северноиталијанските градови и каде се одржува карневал), Градската куќа (Hotel de Ville)... Слободно време за индивидуални активности. Откријте и сами зошто овој град е толку посетуван и секогаш магнетски привлекува безброј туристи. Ноќевање.
2 ден

09.10.2024 (среда) НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – МЕНТОН - НИЦА

Појадок.Слободен ден за индивидуални активности и прошетки или предлагаме факултативна посета со железница на Монако – втората најмала независна држава после Ватикан, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море со вкупна површина од само 2 квадратни километри и претставува уставна монархија и кнежевство. Монако е името на државата и на единствениот град во државата.Бидете дел од оваа луксузна бајка,прошетајте низ самата патека каде што се одржува најпознатата трка Формула 1 за Гран При.Можност да ја видете Палатата на принцот на Монако и официјалната резиденција на монархот,Музејот Наполеон,Катедралата на Монако, казиното..Посета на Монте Карло – омиленото место на многу славни ликови.Претставува административна област на Кнежевството Монако.Овој град е домаќин на најголемотот европско финале во покер, бројни боксерки мечеви и многубројни модни гламурозни случувања.Можност за посета на океанографскиот институт,кралската палата,градското собрание и стариот град.А за оние што сакаат возбудливост,адреналин и ризик – можност барем еднаш да влезете во најпознатото казино во светот – Казиното Монте Карло. Слободно време за индивидуални активности прошетки и шопинг.Упатување кон Ментон - француски град кој лежи мирно на источната француска ривиера и се наоѓа на границата со Италија, на осум километри од Монако. Многу дрвја со лимони и тропски градини се обележје на овој живописен град на Азурниот брег. Главна атракција во Ментон е фестивалот на лимони. Овој исклучителен настан опфаќа низа изложби и паради со фантастични креации од лимон, а најспектакуларните прикази можат да се видат во градината Бјувез. Овој фестивал го посетуваат околу 200.000 луѓе од целиот свет. Враќање со железница во договореното време во хотелот.Ноќевање.
3 ден

10.10.2024 (четврток) НИЦА – АНТИБ - КАН – НИЦА

Појадок.Факултативна посета со железница на Антиб и Кан. Антиб – прошетка низ градот кој претставува бисер на Медитеранот и едно од најстарите утврдувања на Азурната обала.Во градот доминира тврдината Fort Kare во чие подножје се наоѓа познатата ексклузивна марина. Овде се наоѓа и музеј со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо. Продолжуваме кон Кан – прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон,Мартинез, Мажестик,Филмската палата,Марината.Посета на стариот дел на градот,тврдината и црквата Notre Dame De Esperance.Слободно време за индивидуални активности.Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден

11.10.2024 (петок) НИЦА

Појадок.Слободен ден за прошетки и индивидуални активности.Можност да се посети прекрасниот видиковец со фасцинантен и исклучителен поглед кон Англиското шеталиште од едната страна и марината на Ница од другата страна.Сместено на ридот Мон Борон помеѓу Ница и Вилфранш,со неверојатна ретка вегетација,препуштете се на неверојато уживање во она што не може да се опише со зборови,туку може единствено да се доживее.Ноќевање.
5 ден

12.10.2024 (сабота) НИЦА – СОФИЈА – СКОПЈЕ – ШТИП

Појадок.Слободно време за прошетка,шопинг и индивидуални активности. Во договореното време.Трансфер од хотел до аеродромот во Ница.Лет за Софија во 15:30 часот. Пристигнување во Софија во 18:40 часот.Превоз од аеродромот во Софија до Македонија.Пристигнување до Скопје во раните утрински часови.