КОМПЛЕКС КОРАБ ТРНИЦА
Во срцето на Горна Река, меѓу високите Кораб, Шара и Бистра, кај многуте расфрлени планински рекички и Радика, меѓу зимзелените дрвја и секвојата што гордо ве пречекува, се наоѓа комплексот „Кораб Трница“. Комплексот е оддалечен 5 (пет) километри од Мавровско Езеро, на патот кон Дебар.
Комплексот им нуди на гостите можност за одмор во сместувачки капацитети кои се состојат од апартмани, соби и планински куќички со прекрасен поглед кон падините на Кораб, Шара и Бистра. Исто така, располага со рецепција, лоби и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед, вино… Сите соби располагаат со сопствен тоалет. За авантуристите, во близина на овие објекти постои и посебен простор за кампување и за шатори, кој е опремен со комплетна инфраструктура.
Овој комплекс, освен со сместувачките капацитети, располага и со простории за состаноци и за деловни состаноци.
За гостите комплексот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовна опрема. Располагаме и со сопствени коњи и организираме тури за јавање за почетници.
Ценовник за есен 2020
Тип на сместување |
Цена на сместување по соба |
Капацитет / број на лица |
|
Недела – четврток |
Петок – сабота |
||
Двокреветна соба |
1.800 ден |
2.100 ден |
2 |
Апартман |
2.200 ден |
2.800 ден |
4 |
Вип апартман |
2.800 ден | 3.500 ден |
4 |
Трокреветна соба |
2.100 ден |
2.500 ден |
3 |
Голем апартман |
3.500 ден |
4.200 ден |
8 |
Планинка куќичка |
1.400 ден |
1.900 ден |
2 |
*Цените се по тип на сместување,не по лице
*Цените се без вклучена туристичка такса
Попусти и доплати :
- Појадок – 200 денари по лице
- Ручек / вечера – 450 денари по лице
- За деца до 8 години сите оброци се бесплатни
- За деца до 12 години сите оброци се на 50% попуст
- Туристички такси се доплаќаат на рецепција.