Хотел ШАТОР - Битола

од25

Хотел ШАТОР - Битола

Хотелот Шатор претставува капацитет од трета категорија (3 ѕвезди) *** кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен во надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува.Несекојдневната архитектонска замисла во просторот на проектантот и дизајнерот на сите гости им овозможува со престојот во хотелот секој посетител да ја почувствува топлината и душата на објектот во сите делови.Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од планината Баба и Националниот Парк Пелистер, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој секако дека нема да ве остави рамнодушни.

Хотелот Шатор се наоѓа во југозападниот дел од Р.Македонија, лоциран во просторот помеѓу градот Битола и Националниот Парк Пелистер на самиот почеток подпелистерското село Трново, на надморска височина од 850 метри, сместен во сопствена раскошна зелена градина од брези и елови дрва.

 

Хотелот е поврзан со сообраќајна врска на патот кој го поврзува градот Битола и Националниот Парк Пелистер на растојание од 6 километри од центарот на градот Битола.

Хотелот располага со 13 луксузно уредени хотелски соби (двокреветни соби со помошни хотелски кревети и супериор соби), складно разместени на првото ниво на хотелот со поглед на градот Битола од источната страна и со поглед на планината Пелистер на југозападната страна каде што во текот на целиот ден комплетниот хотелски капацитет е осветлен со пријатното планинско сонце во сите временски сезони.

Хотелот располага ексклузивна ресторантска сала, атрактивна летна тераса и со една ВИП сала со капацитет од 40 гости која е опремена со неопходна и современа техничка апаратура и бар во непосредна близина, ресторан со летна тераса со се вкупен капацитет до 260 ресторантски седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 140 седишта, а терасата од 120 седишта).Во склоп на ресторанот функционира добро опремена професионална кујна која што секогаш е подготвена професионално да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат секакви видови специјалитети посебно од македонската национална кујна но и специјалитети на други кујни.

 Ценoвник за индивидуални посети есен / зима

Тип на сместување

Услуга

Цена за 1 лице Цена за 2 лица Цена за 3 лица

Цена за 4 лица

CLASSIC  соба

BB

25 40 € /

/

CONFORT соба

BB

27,50 42 52 €

/

FAMILY соба

BB

39 60 63

69 €

* цените се дадени по соба од ноќ

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање со вклучен појадок
  • Бесплатен паркинг

Доплати и попусти:

  • Дете на возраст до 6 години без дополнително легло – бесплатно.
  • Дете на возраст од 6 до 12 години со родител – попуст од 50%.
  • Доплата за пансионски ручек или вечера – 7 евра на ден.
  • Доплата за дневен престој до 18:часот (late check out) во “classic” соба – 26 евра.
  • Доплата за дневен престој до 18:часот (late check out) во “comfort” соба – 30 евра.