Хотел Putnik 4* - Копаоник
Хотел Путник 4* се наоѓа на 1.650 м.н.в, во најубавиот дел на Копаоник во Сончева планина. Целосно реновиран насвоите гости им овозможува се што би можело да го направи нивниот престој на Копаоник: попријатен, покомфорен и поинтересен: SPA & WELLNESS Центар, пансионски ресторан, фитнес центар, Детско катче, конгресен центар и сала за состаноци, паркинг, банкомат, сувенирница, како и повеќеспортски терени и скијалишен дел. Хотелот нуди 270 легла од кои на располагање на гостите се 83 стандард соби, 13 фамилијарни и 6 луксузно опремени апартмани. Во состав на хотелот е и Супериор Вила Путник која нуди 6 фамилијарнио и 8 стандард соби. За своите гости хотелот секојдневно организира трансфер со минибус од хотелот до ски-терените и назад
Цените се по лице од ноќ со појадок и вечера

* Цените се изразени во € по лице од ноќ.
* Доплата за 1/1 соба – 50% од дадената цена.
* Цена за ВВ се намалува за 10 % од цената за полупансион.
* Вклучено во цена: Свечена Новогодишна Вечера 31.12.2022 и Божиќните Вечери на: 25.12.2022 и 07.01.2023
* Цените се изразени во евра по лице од ноќ и се однесуваат за период 01.12.2022 – 04.04.2023
* Пријава во: 14:00 часот / Одјава во: 10:00 часот
Услови за деца:
- Деца до 2.99 години – бесплатно
- Деца 3-11.99 години во придружба на возрасно лице: ако користат посебно легло – 70% од цената или заедничко легло – 50% од цената
Цената вклучува:
- Wellness & SPA ,
- Затворен базен за возрасни,
- Затворен базен за деца,
- Џакузи,
- Финска сауна,
- Руска сауна,
- Инфрацрвена сауна,
- Турска бања,
- Фитнес центар
Цената не вклучува:
- Такса за престој по лице на ден: деца до 6.99 години – бесплатно; Деца од 7-14.99 години – 40 денари; Возрасни – 70 денари на ден
- Масажа и Амам – потребна е резервација,
- Игротека за деца,
- Патничло осигурување
Начин на плаќање: 50 % уплата најдоцна 3 дена по направена резервација поради нејзина официјална потврда. Останатиот износ 100 % да се исплати најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот.