Хотел "Молика" -Пелистер
Хотел Молика се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер сместен на 1420 метри надморска висина. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.
Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.
Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2
Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.
Хотелот ,,Молика,, 3* , во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува.
Располага со 57 соби од кои : три апартмани, три трокреветни соби и останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.
Ценовник Хотел “МОЛИКА“ – Пелистер
Ценовник за индивидуални посети во двокреветни соби
Тип на сместување |
Услуга |
Период | ||||
01.09-31.11.2020 | 01.12.2020-28.02.2021 | 01.03-30.04.2021 | 01.05-30.06.2021 |
01.07-31.08.2021 |
||
1/2 соба |
BB |
1.050 ден. | 1.100 ден. | 860 ден. | 1.050 ден. |
1.170 ден. |
1/2 соба |
HB |
1.280 ден. | 1.470 ден. | 1.050 ден. | 1.290 ден. |
1.410 ден. |
1/2 соба |
FB | 1.530 ден. | 1.840 ден. | 1.410 ден. | 1.530 ден. |
1.660 ден. |
Доплата за 1/1 & АПП |
/ | 130 ден | 180 ден. | 130 ден. | 130 ден. |
180 ден. |
Дневен престој |
/ |
600 ден. | 600 ден. | 600 ден. | 600 ден. | 600 ден. |
* Цените се дадени по лице од ноќ на база на одбраната услуга
Ценовник за индивидуални посети за престој од 3 или повеќе дена во двокреветни соби
Тип на сместување |
Услуга |
Период | ||||
01.09-31.11.2020 | 01.12.2020-28.02.2021 | 01.03-30.04.2021 | 01.05-30.06.2021 |
01.07-31.08.2021 |
||
1/2 соба |
BB | 920 ден. | 1.100 ден. | 800 ден. | 920 ден. |
1.100 ден. |
1/2 соба |
HB |
1.100 ден. | 1.280 ден. | 990 ден. | 1.100 ден. |
1.230 ден. |
1/2 соба |
FB |
1.410 ден. | 1.650 ден. | 1.280 ден. | 1.420 ден. |
1.530ден. |
Доплата за 1/1 & АПП |
/ | 130 ден | 180 ден. | 130 ден. | 130 ден. |
180 ден. |
* Цените се дадени по лице од ноќ на база на одбраната услуга
Ценовник за организирани и групни посети во двокреветни соби
Тип на сместување |
Услуга | Период | ||||
01.09-31.11.2020 | 01.12.2020-28.02.2021 | 01.03-30.04.2021 | 01.05-30.06.2021 |
01.07-31.08.2021 |
||
1/2 соба |
BB |
920 ден. | 1.100 ден. | 800 ден. | 920 ден. |
1.100 ден. |
1/2 соба |
HB |
1.100 ден. | 1.280 ден. | 990 ден. | 1.100 ден. |
1.230 ден. |
1/2 соба |
FB | 1.410 ден. | 1.650 ден. | 1.290 ден. | 1.410 ден. |
1.530ден. |
Доплата за 1/1 & АПП |
/ |
130 ден | 180 ден. | 130 ден. | 130 ден. |
180 ден. |
* Цените се дадени по лице од ноќ на база на одбраната услуга
Дополнителни информации и услови за сместување во хотел Молика:
- Понудените цени за Хотел Молика, не се однесуваат за време на Новогодишниот аранжман.
- Дадените цени се однесуваат за лице од ноќ.
- Во цената на услугите е пресметана дневна туристичка такса во висина од 40 денари.
- За деца до 12 години, не се пресметува туристичка такса.
- Хотелот располага со сопствен и бесплатен паркинг.
Попусти и доплати:
- Деца до 4 години кои не користат услуги за сместување и храна – попуст 100%.
- Деца од 5 до 12 години кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување – попуст 30% од редовната цена.
- Деца од 5 до 12 години кои користат само ресторантски услуги – попуст 50% од редовната цена.
- Деца од 5 до 12 години кои користат само помошни услуги за сместување – попуст 70% од редовната цена.