Хотел Макпетрол - Маврово
Хотелот „Макпетрол” – Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро на 1300 метри надморска височина во националниот парк „Маврово”, со извонредни услови за зимски и летен одмор и рекреација.
Хотелот располага со 40 двокреветни соби и два апартмана, сопствен паркинг и ски гардероба. Собите се со стелитска ТВ, безжичен интернет, телефон, мини бар, тоалет и тераса со прекрасен поглед кон ски терените.
Хотелот работи врз принцип на ноќевање со појадок или полупансион (шведска маса). Има климатизиран ресторан со 300 седишта, аперитив бар, снек-бар и летна тераса со национални и интернационални специјалитети.
Извонредно подготвените скијачки терени, трите жичарници, дванаесетте ски лифтови и сноу борд патеките гарантираат незаборавен одмор и рекреација за љубителите на зимските спортови. Ноќното скијање и прекрасната панорама се уште едно пријатно изненадување за гостите кои го посетуваат овој познат туристички центар.
Вистинска можност за летен одмор и шанса за уживање во жуборењето на реката и планинскиот воздух.
За љубителите на рекреацијата постојат можности за излети, долги прошетки и планинарење, маунт бајк, лов и риболов, посета на бачилата на Бистра, манастирот Св. Јован Бигорски и селата од Галичник, каде што старата Македонска култура и обичаи се се уште зачувани. За спортистите постојат можности за организирање подготовки во спортска сала, како и на отворени спортски терени.
Ценовник за зима 2020 важи од 20.12.2020 до 31.03.2021
Тип на сместување |
Услуга |
Цена |
1/2 соба |
Ноќевање со појадок |
27 € |
1/2 соба |
Полупансион |
33 € |
Апартман |
Ноќевање со појадок |
36 € |
Апартман |
Полупансион |
42 € |
*цените се дадени по лице од ноќ
Попусти и доплати :
- Цените се по лице на ноќ со вклучена туристичка такса.
- Доплата за користење на еднокреветна соба +30% на горенаведените цени;
- Попуст за користење на трето легло во соба -30% на горенаведените цени;
- Доплата за Полн пансион + 8 евра по лице за оброк;
- Дете до 6 години гратис (не користи посебно легло);
- Дете 7-12 год. со родители кое користи помошно легло плаќа 50% од горенаведените цени;
- Цените не важат за семинари, организирани групи, посебни манифестации, празници и сл.;
- Горенаведените цени важат за индивидуални гости кои престојуваат најмалку 2 последователни ноќевања.
- Горенаведените цени не важат за време на Новогодишните празници.