Хотел ГОГОВ - Пехчево

од26

Хотел ГОГОВ - Пехчево

Хотел Гогов 3*  e првиот и единствен хотел кој се наоѓа во центарот на градот Пехчево, градот во северо-источниот дел на Малешевската котлина, во близина на границата со Република Бугарија.

Со расположлива површина од 1.000 метри квадратни, Хотел Гогов располага со капацитети за сместување до 50 гости, во различен тип соби и апартмани. Сите соби се модерно опремени и ги вклучуваат следните додатоци: кабелска телевизија, интернет (WiFi), мини-бар, греење и ладење, фен, тераса. На располагање на Хотел Гогов има бесплатен паркинг за гостите на хотелот.

Покрај вообичаените содржини ресторан со бар, летна тераса и опремена конференциска сала погодна за семинарски туризам, Хотел Гогов располага и со дополнителни содржини и активности на услуга на гостите.

Во склоп на самиот хотел се и СПА центарот со насекаде ценета и барана финска сауна, традиционалната турска парна бања, а за што поголемо уживање и препуштање на хедонистичките задоволства релаксацијата може да продолжи во некоја од салите за масажа или џакузи.

Додека пак за оние поенергичните гости и љубители на активниот живот, Хотел Гогов располага и со комплетно опремен фитнес центар.

Хотел Гогов за своите гости обезбедува туристички водичи за рекреативните прошетки низ малешевските шуми, или па за тури до седумте водопади на реката Брегалница, многубројните археолошки локалитети, туристичката населба Равна Река и друг тип факултативни и излетнички активности.

 Ценoвник за индивидуални посети есен / зима

Тип на сместување

Услуга

Цена за 1 лице Цена за 2 лица Цена за 3 лица

Цена за 4 лица

Стандард соба

BB 26 39 49

57

Супериор соба

BB 31 49 /

/

Апартман

BB 36 57 /

/

* цените се дадени по соба од ноќ

Доплати и попусти:

  • Дете на возраст до 5 години без дополнително легло – бесплатно.
  • Дете на возраст од 6 до 12 години – доплата од 500 денари од ден.
  • 2 деца на возраст до 5 години – – доплата од 500 денари од ден.
  • Доплата за полу пансион – 400 денари по лице.
  • Доплата за полн пансион – 760 денари по лице.
  • Изнајмување на велосипеди – 150 денари од час.
  • Организиран пикник на рибник –  900 денари по лице со неограничен пијалок (ракија, вино, пиво, газирани сокови).  (* Во зависност од временските прилики* )