ЗЛАТИБОР

од119

ЗЛАТИБОР

Период

29 Dec - 01 Jan

Времетраење

4 дена 2 ноќевања

Прегледи

207

Бр. Седишта

50

1 ден

29.12.2017 (петок)

21:30 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:00 часот од Скопје кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
2 ден

30.12.2017 (сабота)

Пристигнување во Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs) во двокреветни соби. Слободно време за индивидуални активности и користење на базенот и релакс центарот во хотелот (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум, фитнес сала и теретана). Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
3 ден

31.01.2017 (недела)

Појадок. Потоа организирано заминување (факултативно) кон Дрвенград -етно селото на Меќавник изградено од познатиот филмски режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“. Селото има галерија на слики, библиотека, кино, слаткарница со домашни колачи и природни сокови кои носат имиња на познати личности. Враќање во Златибор во пладневните часови. Слободно време за индивидуално разгледување на убавините на Златибор. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година на плоштадот во Златибор со богата музичка програма и забава со познати естрадни уметници. Ноќевање.
4 ден

01.01.2018 (понеделник)

Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.