Врњачка Бања

од79

Врњачка Бања

Период

09 Mar - 11 Mar

Времетраење

3 дена 2 ноќевања

Прегледи

193

Бр. Седишта

50

1 ден

09 Март (Петок) Скопје - Вењачка Бања

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 6.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања во пладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки и разгледи. Предлог пешачки разглед посета на млечниот пазар, хотел Меркур, Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевања.
2 ден

10 Март (Сабота) Врњачка Бања

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и активности или факултативно, посета на манастирот Жича, Краљево или користење на бесплатниот Велнес и СПА центар на хотелот. Вечерта, организирана свечена 8мо мартовска вечера со жива музика со вклучен еден пијалок за добредојде. Ноќевање.
3 ден

11 Март ( Недела) Врњачка Бања - Скопје

Појадок. По појадокот заминување за Македонија со попатна посета на манастирот Љубостиње. Спомен од српската кнегиња Милица позната како и царица Милица. По посетата патот продолжува кон Македонија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.