Пролом Бања

од109

Пролом Бања

Период

07 Dec - 09 Dec

Времетраење

3 дена 2 ноќевања

Прегледи

622

Бр. Седишта

50

1 ден

07.12.2018 (петок) Скопје – Пролом Бања

Состанок на групата на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне и сместување во Хотел Радан 3. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на базените и содржините на СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2 ден

08.12.2018 (сабота) Пролом Бања

Појадок. По појадокот организиран пешачки разглед со локален водич до единствената црква брвнара во овој крај, црквата Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феномен- 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор и користење на базените и останатите СПА содржини вклучени во цената. Вечера.
3 ден

09.12.2018 (недела) Пролом Бања – Скопје

Појадок. Напуштање на собите според хотелскито правила. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.