Рим(Пиза-Фиренца)

од229

Рим(Пиза-Фиренца)

Период

28 Dec - 02 Jan

Времетраење

6 дена 3 ноќевања

Прегледи

110

Бр. Седишта

50

1 ден

28.12.2018: СКОПЈЕ

Состанок на групата во 14:30ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 15:00ч. Се патува преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден

29.12.2018: МОНТЕКАТИНИ - ПИЗА

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

30.12.2018: МОНТЕКАТИНИ - РИМ

Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден

31.12.2018: РИМ - ТИВОЛИ - ВАТИКАН

Појадок. ...Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. По Ватикан, предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи. Враќање во Рим. Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим и дочек на Нова Година на некој од Римските плоштади. . Ноќевање.
5 ден

01.01.2019 РИМ - ФИРЕНЦА

Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio…Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.
6 ден

02.01.2019: СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.