Венеција ( Фиренца-Верона- Сирмионе)

од149

Венеција ( Фиренца-Верона- Сирмионе)

Период

29 Dec - 02 Jan

Времетраење

4 дена 2 ноќевања

Прегледи

1799

Бр. Седишта

50

1 ден

29.12.2018 СКОПЈЕ

Состанок на групата во 14.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 15.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден

30.12.2018 ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Пунта Сабиони во претпладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден

31.12.2018 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ФИРЕНЦА

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити... Во вечерните часови враќање во Лидо. Можност да ја дочекате Нова година 2019 на градските плоштади во Лидо. Ноќевање.
4 ден

01.01.2019 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - СИРМИОНЕ – ВЕРОНА

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.
5 ден

02.01.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови .