Венеција

од129

Венеција

Период

08 Mar - 11 Mar

Времетраење

4 дена 2 ноќевања

Прегледи

5363

Бр. Седишта

50
1 ден

08 Март (Четврток) ШТИП - СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Поаѓање од пред Нова Пошта во Штип.Поаѓање од Скопје на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 14.30 часот. Патувањето продолжува преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење
2 ден

09 Март (Петок) ТРСТ (Лидо ди Јесоло)

Пристигнување во Трст во претпладневните часови.Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг.Во попладневните часови заминување за Palmanova Outlet шопинг центар.Потоа заминување за Лидо ди Јесоло.Сместување во хотел.Ноќевање.
3 ден

10 Март (Сабота) БУРАНО – МУРАНО – ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Факултативна посета со брод до магичните острови на венецијанската лагуна -Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава неверојатни стаклени фигури, при што постои можност да купите прекрасни рачно изработени стаклени производи, традиционална венецијанска чипка и да ги видите малите рибарски куќи во прекрасни пастелни бои . После посетите на двата острова патот продолжува со брод до Венеција.Пристигнување и прошетка по плоштадот и црквата „Сан Марко“, ќе се помине покрај Мостот на воздишките, каналот Гранде, Дуждевата палата... Во договореното време враќање во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
4 ден

11 Март (Недела) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА - СКОПЈЕ - ШТИП

Појадок. Заминување за Верона – град познат по Ромео и Јулија. Разгледување на Верона: плоштадите Бра, Ебре, Данте, куќата на Јулија, Амфитеатарот... Во попладневните часови тргнување за Македонија . Ноќно возење. Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.