МИЛАНО 3НП

од179

МИЛАНО 3НП

Период

28 Mar - 28 Mar

Времетраење

6 дена 3 ноќевања

Прегледи

443

Бр. Седишта

50

1 ден

28.12.2018 СКОПЈЕ

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30 часот.Поаѓање за Верона во 12:00 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден

29.12.2018 FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано.Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано… Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден

30.12.2018 МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО

Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.
4 ден

31.12.2018 МИЛАНО

Појадок. Предпладне одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Вечерта дочек на Нова Година на градскиот плоштад. Ноќевање.
5 ден

01.01.2019 МИЛАНО –ВЕРОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Тргнуваме кон Скопје со посета на Верона.Пристигање во Верона во попладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи .
6 ден

02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување Скопје во попладневните часови.